22:48 - 7 ноември, 2026

(Фото) Горда баба: Ова го сподели Росана за внуците

Преслатки се внуците на Росана Сариќ-Тодоровска и на актерот Ѓорѓи Тодоровски-Трупче кои пејачката ги објави на својот фејсбук-профил.

Росана е горда баба на Ноах и Матео кои сега живеат во Англија со нејзината ќерка Ивана и зетот Ноах, откако неодамна си заминаа од Македонија.

– Живееме за нив. За жал, повеќе не живеат во Македонија, се преселија во Англија и сега веќе се гледаме на камера. Во моментов ни дојдоа на гости, па можеби за Нова година или Божиќ пак ќе ни дојдат.

Па, и ние ќе отидеме таму. Само знам дека е тешко, особено мене, бидејќи некако цел живот само дочекувам и испраќам на аеродром. Тоа навистина е многу тажно, тешко ми е на душата, но не сакам да зборувам бидејќи солзите сами ми течат – рече Росана за „Канал 77“.

Фото / Фејсбук

На фестивалот„Макфест“ во октомври, Росана, овојпат без Маријана Новачевска, нејзината сестра близначка, ја испеа песната „Признавам“, еден од хитовите што го одбележаа ова дуо.

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....