17.8 C
Скопје
18:52 - 18 октомври, 2026

Селена Гомез влезе во историјата, конкурнти ѝ се само Роналдо и Меси: Стана прва жена со 400 милиони следбеници на Инстаграм

Американската пејачка, актерка и продуцентка Селена Гомез го собори рекордот на Инстаграм со тоа што стана најследена жена на платформата со 400 милиони следбеници.

Поранешната ѕвезда на Дизни ја постигна оваа пресвртница на 17 март, само три месеци откако се врати на Инстаграм. Таа ја надмина Кајли Џенер, која претходно ја држеше титулата со 382 милиони следбеници.

Популарноста на Гомез на Инстаграм не е нова. Таа со години постојано е една од најследените познати личности на платформата. Сепак, нејзиното патување со социјалните мрежи беше тешко.

Во интервјуто за Vogue во 2021 година, пејачката откри дека ја избришала апликацијата за споделување фотографии од нејзиниот телефон во 2019 година, откако таа почнала да влијае на нејзиното ментално здравје.

„Во еден момент Инстаграм стана целиот мој свет и беше навистина опасно“, изјави таа за InStyle во 2022 година.

Во својата последна објава, ѕвездата сподели две селфија без шминка со натпис „Виолетова хемија“, референца на истоимената песна на осмиот студиски албум на Мајли Сајрус, „Endless Summer“. Објавата на Гомез ја промовира идејата за самољубие и удобност во сопствената кожа.

Подемот на Гомез до славата на Инстаграм беше импресивен, а нејзиното најново достигнување рекордно беше поздравено од обожавателите и следбениците.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Selena Gomez (@selenagomez)

„Таа е инспирација за милиони луѓе, а ова достигнување само го докажува тоа“, изјави еден фан на Твитер.

Таа е најследената жена на Инстаграм, но не и најследената личност. Титулата му припаѓа на фудбалерот Кристијано Роналдо, кој има 562 милиони следбеници, но меѓу најследените личности во светот е и Лео Меси, со 443 милиони следбеници.

Слични објави

(Видео) Скандал на хрватските пејачки во Нови Сад: „Зошто ме бакнуваш трипати?“

Еспресо

Ќерката на Гоца Тржан студира еден од најтешките факултети, пејачката откри дека имала тежок избор

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ јавно му се обрати на Жан Клод Ван Дам: Објави заедничка фотографија, еве што слават вечерва

Еспресо

„Лука вели ‘Здраво на светот’“: Марија и Бојан од „Ај кју“ станаа родители

Еспресо

(Фото) Префинет избор за мажи со изграден стил – „Капитол“

Еспресо

(Фото) Јана Серафимова е бремена — водителката го покажа трудничкото стомаче во гламурозен фустан

К.С.
Се вчитува....