04:46 - 29 ноември, 2026

(Фото) Сауна, бања со кристали и дури 235 прозорци: Вака изгледа реновираниот замок на Драгана Мирковиќ вреден 50 милиони евра, во кој живеела Марија Терезија

Пејачката Драгана Мирковиќ го прослави раѓањето на внуката Ксенија во луксузниот замок во близина на Виена.

Instagram

Замокот Ебенфурт е оаза на мирот на Драгана, а токму во тој замок некогаш живеела Марија Тереза.

Instagram

Замокот има балска сала каде што пејачката организира семејни прослави, неколку спални соби, базен, камин, дрвени скали што водат до првиот кат, бања украсена со кристали Сваровски, приватна сауна, а пред неколку години семејниот дом го надополнија со ефектен италијански мебел.

Instagram

Драгана еднаш истакна дека не знае колку соби има во нејзиниот дом, но се знае дека замокот има дури 235 прозорци.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SCANDAL! (@scandaltabloid)

„Не знам точно колку соби има, ама има многу. Исто така, има огромни сали кои зафаќаат цела крило, а некои дури и две. На вториот кат, во делот од замокот каде што планираме да живееме, има голема балска сала. Сакаме дел од првиот кат да го претвориме во музеј и да го отвориме за посетители и училишни екскурзии, но не планираме да наплаќаме влезница. Неопходна е и реставрација на сликата на таванот, што бара време и за која ќе бидат задолжени вистински уметници“, рече Драгана во една пригода.

Слични објави

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.

(Фото) Голема прослава кај семејството Ѓоковиќ – снаата едвај ја пресече тортата, Дијана позира покрај синот и внукот

Еспресо

Ацо Пејовиќ откри каде ја сретнал Наоми Кембел: „Ќерка ми се пошегува дека конечно ќе продолжиме таму каде што застанавме“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ за дуетот „Сузе“ со Џејла Рамовиќ и гласините за врска: „Приватниот живот го чувам за себе, но нејзината поддршка многу ми значи“

Е.А.

Јелена Карлеуша за поранешните пријатели: „Ме ограбија и ме измамија“

Еспресо

Заштедете време и труд — пет работи што ги перете на рака, а можете да ги исперете во машина

К.С.
Се вчитува....