14:17 - 9 ноември, 2026

Саша Поповиќ го долеа маслото во огнот: „Пукна тиквата“ меѓу Карлеуша и Шерифовиќ

Српската популарна пејачка Јелена Карлеуша и нејзината колешка Марија Шерифовиќ веќе не се пријателки, толку се тензични односите меѓу двете, што првата ја избришала втората и од Инстаграм. Маслото врз огнот изгледа го долеа Саша Поповиќ.

Деновиве медиумите ширум регионот пишуваат за конфликтот меѓу Јелена Карлеуша и „Ѕвезда Гранда“. Во саботата во исто време се емитуваа музичкиот натпревар и концертот на новиот албум на Јелена. Публиката можеше да избере во чие друштво ќе го помине времето.

Веднаш по емитувањето на концертот, во јавноста беа објавени графикони кои покажуваат која програма и колку е гледана. Така, Карлеуша објави графикон во кој тврди дека нејзиниот концертен спектакл по повод „Алфа“ и „Омега“ собрал 21 отсто од вкупната публика покрај малите екрани, додека дијаметрално различни графикони споделија Цеца Ражнатовиќ, Милица Митровиќ и Марија Шерифовиќ кои се дел од жирито на „Ѕвездите на Гранд“, во чие друштво до неодамна беше и Карлеуша .

По повод тензичните објави на Инстаграм од двете страни, особено поради појавата на графиконите, се огласи и Саша Поповиќ, директор на Гранд продукција. Но наместо да ги смири, се случи конечно да „пукне тиквата“ меѓу Карлеуша и Шерифовиќ.

– Ова е неверојатен преседан. Во прашање е еден фалсификат и лажење од страна на Јелена Карлеуша, која имаше концерт на Прва телевизија. Јелена Карлеуша го снимаше својот концерт на Белград на вода и го понуди на Прва телевизија за тие да го емитуваат во ист термин кога одат и “Ѕвездите на Гранд“. Јас сум во добри односи со луѓето од Прва телевизија и знам дека ѝ кажаа, ‘немојте тоа да го правите, немојте да одите против “Ѕвездите на Гранд“ зашто тоа ќе биде фијаско!“, ѝ рекоа: „еве ви термин во петок во 23 часот“, ама Јелена сакаше да оди во терминот кога одат „Ѕвездите на Гранд“. Од Прва телевизија добиле бесплатно да го емитуваат концертот. Кога се договориле, Јелена се огласи на својот инстаграм профил“ – објасни Саша во емисијата „Ново јутро“ на Пинк.

Очигледно на Карлеуша не ѝ се допаднало тоа што Марија Шерифовиќ ѝ го сврте грбот и објави сосема спротивен графикон од нејзиниот. Јелена го направи следниот чекор, ја избриша Марија Шерифовиќ од Инстаграм.

принтскрин

Слични објави

(Фото) Тажен ден во семејството на Мерима Његомир: Ќерката на покојната пејачка се огласи со трогателни зборови

Еспресо

„За Милица“ – Наум Петрески ја препозна вистинската македонска емоција во песната за љубовта што никогаш не се остварила

Т.Ц.

(Видео) „Уште едно нормално саботно попладне“: Сара Мејс покажа како изгледа семејната атмосфера во нивниот дом

К.С.

„Ме нарекуваа селанче и ми се потсмеваа поради фолклорот“: Мирка Васиљевиќ проговори за непријатните искуства од детството

К.С.

Старинска штрудла со кисела зелка и сланина — крцкаво есенско задоволство што мириса на домашна кујна

К.С.

(Фото) Подгответе се за студените денови со стил – погледнете ги најелегантните машки капути во „Капитол“

Еспресо
Се вчитува....