13:56 - 14 ноември, 2026

(Фото+Видео) Лајла Грејс кажа „да“: Македонската блогерка направи бајковита свадба во Белгија

Македонската писателка Марија Јаневска, позната како Лајла Грејс, се омажи за својот вереник Али Нодех.

Двојката го изговори судбоносното „да“ пред најблиските роднини и пријатели, во бајковитиот замок Цвајнард, во близина на Гент.

Фото: Инстаграм/Марија Јаневска

Инаку, Јаневска е магистер по фармација и веќе три години гради кариера во Белгија. Таму и го запозна својот сегашен партнер, кој ја запроси минатата година.

„Секогаш беше ти“, напиша таа во описот на ФОТОГРАФИИТЕ ОД ВЕНЧАВКАта.

Како што може да се забележи од фотографиите, невестата се одлучила за едноставна, но ефективна венчаница, а нејзиниот избраник бил во класично издание – црн и елегантен костум.

Инаку, Јаневска доживеа голема популарност во Македонија со нејзиниот анонимен блог, на кој пишуваше под псевдонимот Лајла Грејс и објавуваше љубовни приказни, што потоа прерасна во издавање на нејзината прва книга „Белешките на Лајла Грејс“ во 2013 година.

Слични објави

Дали греењето треба да работи цел ден или да го вклучувате по потреба? Експертите објаснуваат како да заштедите

К.С.

(Видео) Маја Шупут покажа како вежба за да ја одржи витката фигура, па се пошегува: „Кога овие 15 кг би ми паднале на глава…“

Еспресо

Јована Јеремиќ ја покажа дипломата од факултетот, тврди дека зборува пет јазици: „Сакам да ги нервирам квази интелектуалците“

Еспресо

Гоца Тржан ги насмеа сите: Проговори за Раша и својата висина од „метар и ќебап“

Е.А.

Дневен хороскоп за 15 ноември: Искористете го денот за релаксација

Е.А.

(Фото) Јелена Ѓоковиќ се појави на премиера во Белград со чанта од 4.000 долари

Еспресо
Се вчитува....