11:29 - 13 ноември, 2026

(Фото) Амал Клуни ја покажа мајка си: Сега е јасно на кого е толку убава!

Иако сме навикнати да ја гледаме Амал во друштво на нејзиниот сопруг, холивудскиот актер Џорџ Клуни, овој пат 45-годишната адвокатка е снимена два дена последователно во друштво на нејзината мајка.

75-годишната Барија Аламудин со ќерката и зетот пристигнала на хуманитарна вечера организирана од познатиот холивудски пар, поточно од нивната организација „The Clooney Foundation For Justice“.

Станува збор за настан одржан во Јавната библиотека во Њујорк, на кој присуствуваа најголемите холивудски ѕвезди, меѓу кои и елегантната Барија, која гордо позираше со ќерка си Амал и Џорџ. Барија Аламудин пред фотографите се однесувала како позирањето да е дел од нејзиното секојдневие, а многумина ја забележаа нејзината неверојатна убавина и елеганција и покрај нејзината возраст.

твитер
твитер

Неколку дена потоа, Барија повторно е снимена, овој пат во друштво само со Амал, додека го напуштаат хотелот и одат на ручек, а сите заедно вечерале во ресторан во Њујорк.

твитер

Убавата Амал Клуни ја наследила убавината од мајка си, но и интелигенцијата.

Имено, Барија Аламудин и самата е исклучително успешна новинарка, која за својата работа е наградувана, а со години работи како телевизиска водителка и уредничка.

 

Слични објави

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.

(Фото) За ваква „бомба“ вреди да се даде илјадници евра: Сопругата на Пеѓа Јовановиќ доби подарок за кој многу жени сонуваат

Еспресо
Се вчитува....