23.8 C
Скопје
13:35 - 28 септември, 2026

Саша Матиќ откри детали за односот со Марија Шерифовиќ: „Ѝ реков – фала многу, пријатно!“

Саша Матиќ неодамна гостуваше во емисијата „Амиџи шоу“, каде што проговори за своите песни, дуетите со колешките и интересни моменти од музичката кариера. Речиси секоја негова нумера станува хит, а меѓу нив е и „Ти и јас“, дуетот со хрватската пејачка Јелена Розга кој стекна огромна популарност.

Но, Матиќ сега откри дека песната воопшто не била наменета за Розга, туку за Марија Шерифовиќ.

„Тоа беше песна на Марија, прва ѝ беше понудена. Јас ја чув песната кај Саќко Николиќ и му реков: ако Марија ја сака, нема проблем, но ако не ја земе – јас ја купувам, а со кого ќе снимам тоа е мое. Мара ми кажа дека не ја работи песната и дека можам да ја земам и да ја снимам со кого сакам. Одлично, јас реков: ‘Фала многу, пријатно’“, откри Матиќ.

Песната потоа беше снимена со Јелена Розга и стана уште еден голем хит во долгата низа успешни нумери на популарниот пејач.

Во истата емисија, Матиќ проговори и за неодамнешниот пропуст околу прославата на полнолетството на неговата ќерка Тара. На настанот не беше поканета Јелена Карлеуша, што предизвика бројни реакции во јавноста.

„Нема причина. Јас му дадов на тимот список, а Јелена беше на мојот список. Тие пропуштиле да ми кажат дека не ја поканиле. Не внимав одблизу, не е само Јелена, има уште петнаесет луѓе. На сите им се извинувам. Не сме се слушнале по тоа, но јавно ѝ се извинувам на Јеца. Следниот пат нема да се повтори“, рече Матиќ.

Слични објави

(Фото) Јордан Митев го крсти синот Кристијан на неговиот прв роденден: „Господ секогаш нека биде со тебе“

Еспресо

(Фото) Кој е 25 години помладиот Александар кој сè почесто е со Јелена Карлеуша? Таа тврди дека се само пријатели

Еспресо

Неделен хороскоп од 28 септември до 4 октомври: Секој ден пронајдете пет минути мир само за себе и опуштете се

Т.Ц.

(Фото) Нина Бадриќ во елегантно и заводливо издание – прошета по улиците на Париз во тесен црн фустан

Еспресо

Почина синот на пејачот Маријан Стојаноски: „Бог ми го даде и ми го зеде мојот син Петар“

Еспресо

(Видео) Песна на Весна Змијанац крие голема трагедија — вистинската приказна зад еден од нејзините најголеми хитови

Еспресо
Се вчитува....