08:51 - 8 ноември, 2026

Ријана се заколна на вечна љубов, венчавката се држеше во тајност, ама раперот не издржа и се пофали

Американската пејачка Ријана која е бремена со своето второ дете се омажила во тајност. Гласините за тајната венчавката прв ги поттикна нејзиното момче, раперот АСАП Роки кој на концертот на Spotify на фестивалот Cannes Lions во средата вечерта рече:

„Сакам да ѝ ја посветам оваа песна на мојата убава сопруга во оваа сала“.

Како што објави Page Six, Ријана била во ВИП ложата во проѕирен црн фустан и му вратила со насмевка. Изјавата предизвика љубопитност кај фановите кои почнаа да прашуваат дали можеби веќе се венчале. Медиумите се обратиле до нивните претставници, но тие не сакаа да дадат коментар.

Ова не е прв пат да се зборува дека парот се венчал во тајност.

„Поздрав до свадбената веселба. Еве ја невестата“, напиша Ријана покрај фотографијата од парот на Мет Гала во мај годинава.

Раперот и пејачката врската ја започнаа во 2020 година, а во јануари 2022 година објавија дека го чекаат своето прво дете.

 

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....