18:12 - 7 ноември, 2026

Да ја бодриме вечерва нашата Славица Ангелова на „„Ѕвездите на Гранд“ и да гласаме за пејачката со моќен глас

Со беспрекорна изведба на „Ти“ од Александра Ковач и „Пази се“ од филмот „Јужен ветер“, Славица Ангелова оствари огромен успех и се пласираше како единствена претставничка на Македонија во финалето на „Ѕвездите на Гранд“.

Оваа сабота, 24 јуни, резервирајте си го терминот 21 часот – Сител ТВ и најдоброто друштво, за заеднички да ја бодриме нашата Славица Ангелова, вонсериски редок талент и единствената претставничка на Македонија во финалето на „Ѕвездите на Гранд“.

Нашата Славица под менторство на Ѓорѓе Давид, успеа да се пласира меѓу најдобрите на најгледаното музичко шоу во регионот, а сега ѝ е и повеќе од потребна нашата најголема поддршка за да се искачи на самиот врв – местото каде заслужува да биде!

Финалето ќе се емитува во живо, на Сител ТВ, а публиката ќе има можност да гласа по смс пораки, според инструкциите што ќе бидат објавени во емисијата.

Слични објави

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.
Се вчитува....