9.8 C
Скопје
23:17 - 19 октомври, 2026

Режисерот Пол Хагис, добитник на Оскар е виновен – силувал публицистка и ќе плати 7,5 милиони долари отштета

Режисерот и сценарист награден со Оскар, Пол Хагис е одговорен за силување на публицистка во неговиот стан на Менхетен во 2013 година. Вака пресуди поротата во судскиот процес против познатиот режисер.

Судот му наложи да плати 7,5 милиони долари отштета во граѓанската постапка.

Пресудата е донесена по 15-дневното судење на државниот суд на Менхетен.

Оштетената Хејли Брист навела во тужбата од 2017 година дека Хагис, познат по сценаријата за филмовите „Million Dollar Baby“ и „Crash“ ја силувал откако ја присилил да му се придружи во неговиот стан по премиера на филм.

Брист е една од четирите жени кои јавно го обвиниле Хагис за недолично сексуално однесување, но тој ги негирал ваквите обвиненија.

Адвокатката на Хагис рекла дека судењето не било фер бидејќи судијата дозволил изјави од други жени кои го обвиниле сценаристот, но никогаш не презеле ништо против него.

-Го употребија ова за да ја искриват вистината, да го убијат ликот на господин Хагис, да го отсликаат како чудовиште и да ја користат стратегијата „каде има чад, има и оган“, рекла неговата адвокатка.

Во јуни Хагис беше уапсен од страна на италијанските власти кои го држеа во притвор повеќе од 2 недели под обвинение за сексуално злоставување и нанесување тешки повреди.

Слични објави

(Фото) Уна Чолиќ не штеди на накит – носи златно ланче од 3.300 евра

Еспресо

„Те сакаме сите“: Слаткар со емотивна порака до Калиопи по големиот концерт во Скопје

К.С.

(Видео) Босанска пејачка тврди дека била нападната во клуб, сопственичката вели дека само ѝ удрила шлаканица

Еспресо

Новa естрадна војна поради Јаков Јозиновиќ: Јелена Карлеуша ја прозва Милица Тодоровиќ за недостаток на патриотизам

E.A.

„И да дојде Ал Пачино, ќе треба да чека ред да се вработи во театар“: Дритон Вејсели откри дека добил само празни ветувања

Еспресо

Најверната жена во хороскопот — кога еднаш ќе го подари срцето, сака засекогаш

К.С.
Се вчитува....