11:29 - 12 март, 2026

(РЕЦЕПТ) МАРТИНА НИ НАПРАВИ ВЕГАНСКИ КОЛАЧИЊА ОД САМО 3 СОСТОЈКИ: Се топат во уста!

Мартина Трајаноска

Нашиот тим започна соработка со една посебна, прекрасна мајсторка во кујна – Мартина Трајаноска.

Шармантната Мартина стои зад превкусните рецепти пласирани на инстаграм-профилот (martinascooking).

(РЕЦЕПТ) МАРТИНА НИ НАПРАВИ ИНТЕГРАЛНИ КРЕКЕРИ: Направете си здрави, домашни грицки и уживајте во нив без грижа на совест

Готви од мали нозе, а со текот на годините и искуството научила дека најважна состојка во секое јадење е – љубовта. Денес Мартина ни направи вегански колачиња од само три состојки.

(РЕЦЕПТ) МАРТИНА НИ НАПРАВИ МАФИНИ СО БЕЛО ЧОКОЛАДО И МАЛИНИ: Несекојдневна и извонредна комбинација на вкусови

Денес Мартина ни направи вегански колачиња од само 3 состојки. „Толку се меки и се топат во уста, а заситуваат и нема да посегнете по повеќе од едно до две колачиња“, вели Мартина.

Здрава опција на колачиња, без јајца, брашно, обичен путер или маргарин. Засладувач може да си ставите по желба и вкус, мед, стевиа или некој сируп.

Потребни состојки:

  • 100 гр путер од кикирики
  • 100-150 гр мелени јатки (ореви)
  • 50 гр шеќер во прав

 

View this post on Instagram

 

A post shared by martinascooking (@martinascookingg)

Подготовка:

Измешајте ги путерот, шеќерот и мелените јатки (јас ставив ореви, може и лешници или бадеми). Оформете бомбици па натапкајте ги на хартија за печење за полесна работа и чистење после тоа. Со вилушка направете им шара, па печете ги колачињата во загреана рерна на 200 С околу 10-15 мин или зависно од рерната проверете ги на неколку минутки. Колачињата ќе се доста меки, но оставете ги целосно да се изладат.

Слични објави

Убави вести од Спасен Силјановски, во приказната е и Сузана Гавазова

msp-admin

Весна Петрушевска со емотивна објава и поддршка за Димитар Андоновски

msp-admin

Емотивен момент: Марија Шерифовиќ запеа со момче со Даунов синдром

msp-admin

Ужасни детали од несреќата во која загина братот на Дарко Лазиќ: Возачот на автомобилот кој го удрил е приведен

Еспресо

Хороскоп за 12 март: Скорпиите ќе бидат нервозни, Водолиите ќе започнат нов бизнис

Еспресо

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova
Се вчитува....