16:31 - 1 април, 2026

(РЕЦЕПТ) МАРТИНА НИ НАПРАВИ ТАЉАТЕЛИ СО ПИЛЕШКО И ПЕЧУРКИ ВО СОС: Готово за неполни 20 минути

Мартина Трајаноска

Нашиот тим започна соработка со една посебна, прекрасна мајсторка во кујна – Мартина Трајаноска.

Шармантната Мартина стои зад превкусните рецепти пласирани на инстаграм-профилот (martinascooking).

(РЕЦЕПТ) МАРТИНА НИ НАПРАВИ ВЕГАНСКИ КОЛАЧИЊА ОД САМО 3 СОСТОЈКИ: Се топат во уста!

Денес Мартина ни направи таљатели со пилешко и печурки во сос.

„Ова е нешто што мора да го пробате. Брзо, лесно и готово за неПОЛНИ 20 минути. Посебно љубителите на тестенини верувам ова мнооогу ќе ви се допадне. Јас лично ги обожавам комбинациите на паста со пилешко и сосче, а плус печуркии врвв“, вели Мартина.

Потребни состојки:

  • таљатели или тестенини по избор
  • 300 гр пилешко месо
  • 100 гр печурки
  • бешамел сос (млеко, брашно, масло)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by martinascooking (@martinascookingg)

Подготовка:

Пилешкото исечете го на мали парчиња и ставете го во тава на малку масло и пропржете го. Додадете зачини по вкус и кога ќе е при крај пилешкото, додадете ги печурките, па додадете 2-3 лажици јогурт или павлака, па пржете дури не испари. Јогуртот или павлаката ќе го омекнат месото уште повеќе и е пре пре вкусноо. Тргнете го месото од тавата и ставете 2 лажици масло/путер и 2 лажици брашно, па постепено со постојано мешање додавајте по малку 2 шолји млеко. Оставете го сосот малку да повари и додадете го месото со печурките и претходно сварените тестенини. Јас користев таљатели, но вие можете и макарони, шпагети или пене. Наместо бешамел, може да ставите само неутрална павлака.

На здравје!

Слични објави

(Фото) Бони Блу призна дека ја лажирала бременоста – Ѕвездата на Онлифанс не престанува да шокира!

Еспресо

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

(Фото+видео) Дарко Лазиќ отиде на Света Гора по смртта на братот, па доби поддршка од најблиските

Еспресо

(Фото) Крајно непријатно – Азис не може да спие на стомак поради новите гради

E.A.

(Фото) По долго време, Искра Трпева ѝ се врати на старата љубов

msp-admin

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо
Се вчитува....