0.8 C
Скопје
06:19 - 27 октомври, 2026

(ВИДЕО) ТУРЧИН ПОСТАВИ НОВ ГИНИСОВИОТ РЕКОРД: Носот на Мехмед е долг речиси 9 сантиметри!

Мехмед Озурек, чиј нос е долг 8,7 сантиметри, изјавил дека кога бил дете, го исмевале поради тоа, но подоцна сфатил дека тоа е неговиот адут. Турчинот, кој го собори Гинисовиот рекорд за најдолг нос во светот, смета дека поради големиот нос има почувствително сетило за мирис, пренесува „Upi.com“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by bilgi (@bilmin50tonu)

– Пријателите ме викаа „носоња“ за да ме нервираат. Сепак, сфатив дека Господ ме направил ваков и научив да живеам со тоа како изгледам,  изјавил Мехмед.


Озурек е убеден дека може подобро да ги детектира мирисите поради големиот нос.

– На пример, кога ќе влезам дома, веднаш можам да кажам што се зготвило тој ден, додава тој.

Покрај тоа Мехмед поседува и посебни вештини кои може да ја направи со носот, а една од нив е дека може да дува балони со својот нос.


– Го сакам мојот нос. Господ ме благословил со тоа, изјавил гордо Мехмед.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by La Prensa Turca (@laprensaturca)


Гинисовата книга на рекорди нема потврдени податоци за претходниот рекордер, но Томас Ведерс , циркузант кој живеел во Англија во 1770-тите, наводно имал нос долг неверојатни 19 сантиметри.

Слични објави

(Фото+видео) Познатата босанска инфлуенсерка го прослави 42. роденден како Марија Антоанета

Еспресо

(Фото) Македонската водителка Елена Стојановска ужива во Калифорнија — со сопругот прошета низ славниот Холивуд

К.С.

По гласините дека се повлекува од естрадата Ана Николиќ најави големо враќање: „Ви благодарам што бевте со мене, се гледаме во Арена“

Еспресо

Нивес Целзиус во правна битка со поранешниот сопруг – не се откажува од својот дел од имотот

Еспресо

(Видео) „Не се жестете, сите знаат колку ја сакам Македонија“: Ѓорѓе Давид им се извини на Македонците зашто „Дали чекаш стара мајчице“ ја нарече бугарска песна

Т.Ц.

Јелена Карлеуша откри дали планира свадба и бебе: Откри што ѝ порачале ќерките и како се согласува со Шево

Еспресо
Се вчитува....