5.8 C
Скопје
01:06 - 26 април, 2024

РАЈАН РЕЈНОЛДС: Има 70 отсто шанси снимањето на „Дедпул 3“ да започне следната година

рајан рејнолдс
Обожавателите на „Марвел“ со нетрпеливост чекаат што е можно повеќе информации за претстојните филмови и серии, но се чини дека најголема возбуда предизвикува третиот дел на „Дедпул“.

Иако сè уште не се знае кој ќе го режира филмот, засега е познато дека зад „Дедпул 3“ стои целосно нов креативен тим. Автори на сценариото за првите два филма беа Пол Верник и Рет Рис, но сега таа задача им припадна на Венди Молину и Лизи Молину-Логелин.

Рајан Рејнолдс, кој ја игра главната улога во франшизата, исто така работеше и на сценариото за „Дедпул 2“, а претседателот на „Марвел Студиос“, Кевин Фиџ, откри дека овој пат Рејнолдс не пишува, но сепак го надгледува процесот на сестрите Молину.

Рајан Рејнолдс со прогноза за снимањето на „Дедпул 3“

Во интервју за филмскиот сајт „Колајдер“, по извесно двоумење, ѕвездата сепак успеа да даде некаква прогноза за тоа кога ќе започне снимањето на третиот дел на „Дедпул“.

Процент? Не знам. Не би можел да одредам точен процент. Би рекол дека е 50/50 можеби? Ние навистина активно го развиваме сценариото и го доведуваме во прилично добра форма. Кој месец е сега, по ѓаволите? Август? Следната година можеби? Веројатно да. Би рекол постојат 70 отсто шанси за тоа – изјави Рејнолдс, забележувајќи дека „нема чувство за време“.

Рајан Рејнолдс / Фото: EPA-EFE/KIM HEE-CHUL

Во истото интервју тој откри и како се одвива процесот на пишување на сценариото.

– Тоа е само секојдневен процес. Пишувањето е такво, потребно е да имате време да пишувате и да си заминете. Јас работам со Молину на тоа и засега е одлично. Тие се неверојатно талентирани и паметни. Тие одлично го разбираат тој свет. Многу е забавно – додаде Рејнолдс.

„Дедпул 3“ неодамна и официјално му се приклучи на „Кинематскиот универзум на Марвел“

Откако беше премиерно прикажан во 2016 година, „Дедпул“ се покажа како огромен хит, заработувајќи повеќе од 782 милиони долари на киноблагајните и го собори рекордот за филм со најголема заработка во тоа време, истовремено постигнувајќи позитивни критики, како од публиката така и од филмските критичари.

Набргу започна и развојот на продолжението на филмот, кое се појави во кината во 2018 година со уште поголеми заработки на киноблагајните и еднакво позитивен прием.

Човек во Тајланд го носи костимот на Дедпул за време на борба со пиштоли на вода, во рамки на фестивалот Сонгкран / Фото: EPA-EFE/RUNGROJ YONGRIT

Но, откако „Дизни“ го купи „Твентиет сенчри фокс“, иднината на франшизата стана неизвесна. Иако беше јасно е дека „Дизни“ не би отфрлиле франшиза и лик толку вредни како „Дедпул“, сепак не беше јасно како филмот со рејтинг Р би се вклопил во строгата ПГ-13 рамка на „Марвел“.

За среќа на љубителите на „Дедпул“, филмот и официјално стана дел од „Кинематскиот универзум на Марвел“ во јули годинава.

Земајќи предвид дека сè уште не се познати ниту режисерот на филмот, ниту пак датумите за почеток на снимање и премиера, јасно е дека станува збор за проект во фаза на активен развој. Изјавата на Рајан Рејнолдс дека постои напредок и 70 отсто шанси филмот да започне со снимање следната година е навистина позитивна вест.

Извор: Слободен Печат

Слични објави

(Видео) Никола Роквиќ откри колку пари собрал за четири дена: Српскиот пејач тргна пешки на пат долг 1.060 км за Грција

jasmina.kantardzieva

„Беше кратко и слатко“: Јелена Карлеуша повторно на суд поради Цеца Ражнатовиќ

Еспресо

(Фото) Раста успешно опериран! Српскиот рапер покажа како се опоравува

Еспресо

(Фото) Ден пред погребот, објавен е мистериозен некролог за Бојана Јанковиќ: Без потпис

еспресо

(Фото) Ана Ивановиќ носи часовник од 500.000 евра! Убавата тенисерка прошета уникатен „Ролекс“

Еспресо

(Фото) Црна позадина, без зборови: Поранешниот сопруг на покојната водителка Бојана Јанковиќ занемен од тага и болка

Еспресо
Се вчитува....