24.8 C
Скопје
15:19 - 28 септември, 2026

Принцот Вилијам му пружи рака на принцот Хари, помирувањето е близу: Еве ги деталите

До неодамна сите беа сигурни дека принцот Вилијам никогаш нема да му прости на принцот Хари поради документарна серија на Нетфликс објавена во 2022 година, во која Хари и Меган Маркл дадоа неколку скандалозни изјави за животот зад ѕидините на палатата. Но, сега е очигледно дека гневот е спласнат и дека постои надеж за помирување.

Имено, принц Вилијам јавно го именуваше својот брат Хари, за првпат по шест години.

Во новиот документарец „Принц Вилијам: Можеме да го прекинеме бездомништвото“, Вилијам раскажува како принцезата Дајана ги однела браќата во дом за бездомници во Лондон, уште како деца, за да им ја покаже реалноста на животот надвор од палатата.

Филмот вклучува потресни досега невидени фотографии на Вилијам и принцезата Дајана како шетаат по патеката во Вестминстер, а една фотографија го прикажува младиот принц како студиозно игра шах со бездомник во засолништето. На друга пак фотографија, снимена во декември истата година, го гледаме младиот Вилијам во костум и чизми како стои до неговата мајка во засолништето за бездомници, носејќи во раце подароци.

„Мајка ми ме однесе таму, всушност не однесе Хари и мене. Тука ќе сретнете луѓе кои ќе ви стават во глава поинаква перспектива“ – зборува принцот.

Емотивниот почеток нагласува дека страста на принцот е да стави крај на бездомништвото и дека таа страст ја наследил од мајка си.

До овој документарен филм, кој е снимен во јуни минатата година, Вилијам не го изговорил името на својот брат во јавно обраќање или во интервју од 2018 година, пренесува Дејли меил.

Во документарецот се претставени низ различни фотографии двајцата браќа заедно, од времето на детството.

Слични објави

(Фото) Мина Блажев во кратко бело фустанче ја прослави веридбата — го покажа и вереничкиот прстен

Еспресо

(Фото) Подгответе се навреме за поладните денови – во бутикот „Капитол“ во ГТЦ ве очекува новата машка есенска колекција

Еспресо

(Фото) Јордан Митев го крсти синот Кристијан на неговиот прв роденден: „Господ секогаш нека биде со тебе“

Еспресо

(Фото) Кој е 25 години помладиот Александар кој сè почесто е со Јелена Карлеуша? Таа тврди дека се само пријатели

Еспресо

Неделен хороскоп од 28 септември до 4 октомври: Секој ден пронајдете пет минути мир само за себе и опуштете се

Т.Ц.

(Фото) Нина Бадриќ во елегантно и заводливо издание – прошета по улиците на Париз во тесен црн фустан

Еспресо
Се вчитува....