09:15 - 8 ноември, 2026

Посетите на Бора Чорба во болница строго забранети: Состојбата влошена

Рокерот Бора Ѓорѓевиќ, легендарниот фронтмен на Рибља Чорба, со денови е интубиран во Клиничко-болничкиот центар во Љубљана поради сериозни проблеми со белите дробови.

Неговата здравствена состојба дополнително се влошила, соопштуваат српските медиуми, предизвикувајќи загриженост кај обожавателите и семејството.

Веста дека Бора е приклучен на респиратор и сместен во специјално одделение, каде посетите се строго забранети, шокираше многумина.

Сепак, сопругата на Бора, Дубравка, има дозвола од болницата да биде со него во текот на целиот ден, поддржувајќи го во овие тешки моменти.

-Таму строго се забранети посети, а не е ни за посети, интубиран е. Сепак, на жената и беше дозволено да оди кај него кога сака и да остане колку што сака – рекол изворот, пренесува српски „Телеграф“.

Освен Дубравка, Бора има право да го посети уште едно лице, но само онолку колку што траат посетите, односно во времетраење од еден час:

– Покрај сопругата, тој има право да го посетува уште едно лице дневно, но само еден час за време на посетите.

 

Слични објави

Дневен хороскоп за 8 ноември: Кој ќе ужива во љубовта, а кој ќе мора да се соочи со непријатни изненадувања?

Т.Ц.

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova
Се вчитува....