19:21 - 7 ноември, 2026

(Фото) Сите зјапаат во неа: Антонио Бандерас и неговата девојка се појавија на гала вечерта во Венеција

Познатиот шпански актер и филмски режисер Антонио Бандерас присуствуваше на гала-хуманитарната amfAR вечера во Венеција на 1 септември, пишува Дејли меил.

Бандерас (64) носеше бело сако, бела кошула и црни панталони на настанот исполнет со ѕвезди. Актерот го комплетираше својот изглед со црна вратоврска, црни лакирани чевли и очила за сонце со кафени леќи. Антонио ја држеше за рака својата партнерка, инвестицискиот консултант Никол Кимпел.

За свечената вечер девојката на Бандерас избра беж блескав фустан со макси должина, кој го надополни со сандали со златни потпетици и големи златни обетки. Во раката држела мала чанта. Никол ја обликуваше својата густа руса коса во големи бранови, а лицето го „светна“ со сјајна шминка.

Двојката е заедно 9 години. Нивната романса стана позната откако се распадна бракот на добитникот на пет награди Златен глобус со актерката Мелани Грифит. Нивната ќерка Стела дел Кармен Бандерас Грифит е родена на 24 септември 1996 година. Во јуни 2014 година, Грифит поднесе барање за развод, наведувајќи ги „непомирливите разлики“ како причина за разводот. Постапката за развод беше завршена во декември 2015 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nicole Banderas (@nickykim2807)

Ниту Антонио Бандерас ниту Никол Кимпел не потврдија дали се официјално во брак, но Никол се води под името „Никол Бандерас“ на Инстаграм.

Посетите на Бора Чорба во болница строго забранети: Состојбата влошена

Слични објави

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо
Се вчитува....