9.8 C
Скопје
23:16 - 19 октомври, 2026

Порно ѕвездата Сторми Даниелс откри детали за врската со Доналд Трамп: „По врската со Трамп, животот ми стана пекол“

Отидов во тоалет, кога излегов, тој одеднаш беше во долна облека. Не разбирам како завршив во кревет. Знам дека не реков ‘не’, но не реков ниту ‘да’“, објасни Сторми за „Вог“.

Неодамна, Доналд Трамп беше обвинет за фалсификување деловни книги пред и по изборите во 2016 година. Така, тој стана првиот поранешен претседател на Соединетите Американски Држави во историјата кој е вмешан во кривично дело. Вкупно, истражителите успеаја да откријат околу 34 точки на измама. Меѓу нив беше откриена и исплата која привлече особено внимание на јавноста. Доналд Трамп наводно ѝ платил на порно актерката Сторми Даниелс 130.000 долари за да молчи за нивните интимни средби. Според документите, оваа ставка била наведена како средства за правни такси. Сторми Даниелс пак, одлучи детално да раскаже што точно се случило за американски „Вог“.

Според девојката, по средбата со Трамп, нејзиниот „живот се претворил во пекол“. Доналд се сретнал со Сторми на голф турнир на славни личности во Невада. Тогаш таа била една од најпопуларните порно актерки во светот. Бизнисменот ѝ понудил да се сретнат за да разговараат за снимањето на неговата серија „Изборот на Доналд Трамп“.

„Кога луѓето ќе слушнат „хотелска соба“ мислат дека влегувате и дека има кревет. Сепак, тоа воопшто не беше така. Не добив чувство дека се обидува да ме заведе. Само разговаравме, ми поставуваше прашања за мојата работа. Добри прашања. Тој беше паметен! Отидов во тоалет, кога излегов, тој одеднаш беше во долна облека. Не разбирам како завршив во кревет. Знам дека не реков ‘не’, но не реков ниту ‘да’“, објасни Сторми.

Доналд на крајот не ѝ помогнал на Сторми во кариерата. Сепак, нивната врска не завршила тука. Откако се случило тоа, таа од никого не ја криела врската со него. И покрај уплатата, актерката сепак решила да зборува за тоа што се случило. Следувале закани и тужби.

„Многу ме боли што оттогаш гледам приказни идентични со моите. Постојано размислувам: ако зборував за ова порано, дали можев да ги спречам сите овие настани?“, вели таа.

Слични објави

(Фото) Уна Чолиќ не штеди на накит – носи златно ланче од 3.300 евра

Еспресо

„Те сакаме сите“: Слаткар со емотивна порака до Калиопи по големиот концерт во Скопје

К.С.

(Видео) Босанска пејачка тврди дека била нападната во клуб, сопственичката вели дека само ѝ удрила шлаканица

Еспресо

Новa естрадна војна поради Јаков Јозиновиќ: Јелена Карлеуша ја прозва Милица Тодоровиќ за недостаток на патриотизам

E.A.

„И да дојде Ал Пачино, ќе треба да чека ред да се вработи во театар“: Дритон Вејсели откри дека добил само празни ветувања

Еспресо

Најверната жена во хороскопот — кога еднаш ќе го подари срцето, сака засекогаш

К.С.
Се вчитува....