18.8 C
Скопје
19:59 - 27 септември, 2026

Попоски предупредува на опасен африкански топлотен бран, под сенка ќе се мерат 43 степени, на сонце над 50!

Опасен топлотен Африкански бран ќе влијае на времето во Македонија во текот на следните денови. Температурите на многу места низ нашата држава ќе надминуваат 35 степени, додека во централните и во југоисточните предели тие ќе надминуваат дури и 40 степени, односно во тие предели од Македонија температурата ќе се искачи дури до 43 степени.

Ув индексот ќе има екстремно висока вредност и ќе има коефициент 10, па затоа апелираме граѓаните да не излегуваат во најтоплиот дел од денот (од 10 до 17 часот), но и да пијат повеќе течности.

Во Скопје во следните денови температурата на воздухот ќе се искачи до 40, 41 степени.

Времето ќе биде претежно сончево, повремено со мала до умерена локална облачност. Повремено во попладневните часови и тоа според нашата алатка за рана најава на невреме “NOTHAS” ќе има услови за слаб до умерен развој на грмотевични облаци и тоа особено во планинските предели  , и истите би можеле да условат појава на локален краткјотраен дожд и грмежи.

Барем според моменталните анализи со кои разполагаме, овој голем топол Африкански бран кај нас ќе се задржи најмалку седум денови.

НАПОМЕНА: Горенаведените очекувани температури на воздухот ќе се мерат под сенка, додека на сонце тие ќе бидат многу повисоки и локално ќе се искачуваат дури до околу, па и над 50 степени. Со ова, според Европскиот метеоаларм, Македонија ќе влезе во портокалова предупредувачка фаза поради очекуваните екстремно високи температури. Исто така, поради екстремно високите температури расте и опасноста од појава на шумски пожари, па затоа ги предупредуваме граѓаните да бидат крајно претпазливи како се однесуваат во природа – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски. 

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!

Слични објави

Кога срцето ја гледа вистината што сака да ја види: Полната Месечина во Овен носи судир меѓу желбата и реалноста

Т.Ц.

(Фото+видео) 11 бањи, 8 спални соби, кино, базен… Ѕирнете во импозантната вила на српската тенисерка Јелена Јанковиќ вредна 13,5 милиони долари!

Еспресо

(Фото) „Блазе си ти колку добро изгледаш“: Сопругата на Дарко Лазиќ откри од што се откажува за да ја одржува формата

Еспресо

Сашко Коцев и Смиљана прославија 14 години брак – Актерот ја запроси својата сакана пред преполната Универзална сала

Еспресо

Хороскоп за 27 септември: Раковите ќе најдат сигурност во тивка поддршка, Девиците ќе средат нешта што долго им тежеле

Еспресо

„Срам да ти е, таква жена да изневеруваш!“: Повозрасна госпоѓа го пресретнала Иван Босиљчиќ на улица и го навредувала

Т.Ц.
Се вчитува....