32.8 C
Скопје
15:44 - 8 септември, 2026

Почина славниот продуцент на „Титаник“ и „Аватар“: На 64 години ја загуби битката со страшната болест

Џон Ландау, филмски продуцент награден со Оскар, кој соработуваше со Џејмс Камерон на неколку проекти, вклучително и на „Титаник“ и двата филма „Аватар“, почина по битка со ракот, објави извор близок до семејството.

Ландау е роден на 30 јули 1960 година во Њујорк, во семејството на Ели и Еди Ландау, двајцата продуценти. Тој учел на престижната Школа за филмски уметности и за жал, ја загуби битката со тешката болест на 64-годишна возраст.

Како дел од тимот кој сними три од најпрофитабилните филмови на сите времиња, Ландау имаше големо искуство во креирање на успешен филм. Во интервју за The Talk во 2022 година, тој објасни како го мери успехот во однос на тоа како филмот емотивно го допира – „За мене лично, уживам да одам во кино, така што успехот на филмот зависи од тоа дали ми го дава тоа вид на бегство – или не, сакам да размислувам за „Аватар“, не сакам да размислувам за сметките што треба да се платат, за сите тие работи и обврски“, рече тој и додаде: „Дали го напуштам киното чувствувајќи нешто емотивно, така гледам на филм што го сметам за успешен“.

Во истото интервју, тој рече дека успехот на „Титаник“ ја подгреа неговата улога како продуцент – „Би рекол дека не ме смени, но ме мотивираше да се стремам кон уште поголеми филмски височини“.

Френсис Фишер, ѕвездата на филмот „Титаник“, е меѓу првите кои се простија од Ландау на социјалните мрежи. Таа најпрво одговори на видеото што го сподели во 2023 година со зборовите: „Морав да дојдам на твојата страница за да го слушнам твојот глас. Летај со ангелите драг Џон“, а потоа на Твитер напиша: „Почивај во мир Џон“.

 

Слични објави

„Сите сме тотално луди“: Лепа Брена се огласи по виралното видео на кое ѝ го грабна микрофонот на Џејла

E.A.

Кнез направи одлична атмосфера на големата прослава по повод раѓањето на внуката

E.A.

Рецепт за превкусни модри патлиџани со моцарела

Т.Ц.

Верица Ракочевиќ за животот, успесите и загубите: „Продадов три големи стана во Белград за бизнисот“

E.A.

Ќерката на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ носеше фустан вреден 2.400 евра на роденденската прослава

Еспресо

Сите благодети на морската сол – содржи повеќе од 80 состојки кои позитивно влијаат на здравјето, кожата и косата

Т.Ц.
Се вчитува....