15:58 - 29 ноември, 2026

Почина глумицата Лиза Лоринг, легендарната Вендсдеј Адамс од серијата „Семејството Адамс“: „Мирно си замина додека двете ќерки ја држеа за раце“

Лиза Лоринг, актерката која ја играше Вендсдеј Адамс во првата адаптација на „Семејството Адамс“, почина на 64-годишна возраст по мозочен удар.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @lisalorinng

Лоринг почина во саботата вечерта во болница опкружена со семејството, изјави нејзината ќерка за „Варајати“.

– Мирно си замина додека двете ќерки ја држеа за раце.

Личната пријателка на Лиза, авторката Лори Џејкобсон, ѝ оддаде почит на Лоринг и нејзиното „наследство во светот на забавата“.

– Таа е вградена во таписеријата на поп-култура и во нашите срца засекогаш како Вендсдеј Адамс – напиша таа.

Лиза Лоринг ја играше Вендсдеј Адамс од 1964 до 1966 година во првата адаптација на „Семејството Адамс“, создадена од Чарлс Адамс од Њујорк, преземајќи ја улогата кога имала само пет години.

Нејзината изведба одекна, во голема мера влијаејќи на последователниот развој на ликот.

Неодамнешната адаптација на Нетфликс на „Семејството Адамс“, со Џена Ортега во главната улога, предизвика вирален танц инспириран од потезите на Лиза од оригиналната серија. Ортега ѝ се заблагодари на Лоринг кога танцот стана популарен на социјалните мрежи, пишува Гардијан.

Слични објави

Рада Манојловиќ: Велеа дека сум паднала од коњ на магаре зашто пеам под шатори, а од каде падна Наоми Кембел во шаторот на Јахорина?

Т.Ц.

Бившиот сопруг на Јована Јеремиќ сподели заеднички момент со ќерката Леа: „Дождливиот ден го искористивме за прошетка низ Белград со градски превоз“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ ја отвори душата пред полната Белградска арена: „Имаше лажни наслови и обиди да ме забранат, но вие ја исполнивте салата“

Е.А.

Научниците открија едноставна навика што го штити мозокот кај лицата со дијабетес тип 2, срцеви заболувања и преживеан мозочен удар

Т.Ц.

(Видео) Само на Балканот — Никола Роквиќ пееше, Наоми Кемпбел пушташе музика, а среде забава снемало струја!

К.С.

(Фото) Средба на две генерации македонски фолк-пејачки — Елена Велевска во прегратка со легендарната Блага Петреска

К.С.
Се вчитува....