8.8 C
Скопје
09:29 - 20 октомври, 2026

Вербалната комуникација на Ѓоковиќ и Иванишевиќ на теренот во пет необични правила: „Зошто се смееш, Горане?“

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ по десетти пат во кариерата го освои Австралија опен.

Тој во три сета го совлада Гркот Стефанос Циципас, но мечот беше многу тензичен. Новак во еден момент од овогодинешното финале жестоко му се развика на својот тренер Горан Иванишевиќ. Во својот говор по освојувањето на трофејот, тој јавно му се извини, а реакцијата на Иванишевиќ беше урнебесна.

„Какво патување за моето семејство, за мојот тим, за мене… Не знам од каде да почнам. Ништо не земам здраво за готово. Знам дека понекогаш треба да ги толерирате и најлошите страни на мојот карактер, и на теренот и надвор од него. Ја ценам љубовта, трпението и поддршката што ми ја давате“, рече Ѓоковиќ, а потоа со насмевка погледна кон Иванишевиќ.

„Зошто се смееш, Горане? Не знам дали некогаш ќе ми простиш за тоа што ти го правев сите овие години, но морам да повторам дека овој трофеј е твој исто колку што е мој. Ти благодарам од се срце“, рече тој.

Реакцијата на Иванишевиќ ги насмеа сите присутни.

Да потсетиме, Ѓоковиќ често му вика на Иванишевиќ, но не со намера да се скара, туку да ја исфрли негативната енергија и да добие совет.

За Ѓоковиќ се мора да биде според правилата и затоа му требаат солидни луѓе во тимот кои ќе бидат адекватни критичари и советници.

Тој комуницира со својот тим на пет начини:

1. Кога противниците ќе ја погодат линијата неколку пати, Новак се врти кон својот тим и коментира дека противникот има среќа.

2. Кога не е задоволен од својата игра, се врти кон соработниците и коментира што не прави добро.

3. Ја критикува својата игра, но само за да добие совет и фидбек од Горан Иванишевиќ, со кого комуницира за тениските работи.

4. Ако советот на Иванишевиќ не вроди со плод, тогаш тој го критикува Иванишевиќ и му проговара.

5. Кога е незадоволен од својата игра и сака да промени нешто, ги критикува членовите на тимот и им вика, често употребувајќи вулгарен речник.

Овие необични правила очигледно му помагаат на Ѓоковиќ да ја надмине кризата на теренот.

 

Слични објави

(Фото) Синот на Лозано наполни две години — малиот Марко славеше со торта со мотори и Спајдермен

К.С.

Хороскоп за 20 октомври: Бикови, ве очекуваат куп обврски и одговорности

Еспресо

(Фото) Уна Чолиќ не штеди на накит – носи златно ланче од 3.300 евра

Еспресо

„Те сакаме сите“: Слаткар со емотивна порака до Калиопи по големиот концерт во Скопје

К.С.

(Видео) Босанска пејачка тврди дека била нападната во клуб, сопственичката вели дека само ѝ удрила шлаканица

Еспресо

Новa естрадна војна поради Јаков Јозиновиќ: Јелена Карлеуша ја прозва Милица Тодоровиќ за недостаток на патриотизам

E.A.
Се вчитува....