19:22 - 7 ноември, 2026

По болните животни удари, насмевки во домот на Ана Костадиновска – нејзината ќерка слави полуматура

Пејачката и професорка по пеење Ана Костадиновска сподели фотографии од нејзината ќерка Марта, која деновиве славеше полуматура.

Во опис на фотографиите на кои е покрај преубавата Марта, гордата мајка напиша: „Нашата медена полуматурантка“.

На сликите освен Марта и Ана, се и нејзината баба и тетка, двете ќерки на легендарниот композитор Кире Костов и неговата сопруга, Кармен Костова.

Ана Костадиновска во изминатите години беше погодена од неколку огромни лични загуби.

Во февруари 2022 година почина нејзиниот сопруг Бобан, по само неколку месеци тешко боледување. Следната година, во јули 2023 година таа го загуби татка си, легендарниот композитор Кире Костов, кој почина на 75 години. На 16 март минатата година Ана остана без нејзината втора сестра, професорката по пијано Сара Пројковска, со која долги години ја делеа сцената како придружни вокали, а приватно беа како семејство.

Ана секогаш ги нарекува членовите на групата „ДНК“, кои загинаа во трагичниот пожар во Кочани, свое второ семејство. Владимир Блажев-Панчо, кого таа го нарекуваше „братче“, почина на 14 октомври лани, по седуммесечно лекување во болница.

За Костадиновска враќањето на сцената беше тешко, а еден од најемотивните концерти за неа беше токму оној, посветен на нејзиниот татко Кире Костов, „Летај галебе“, кој се одржа на 11 ноември во Скопје.

„Вистина е дека загубив многу за мене значајни личности во релативно кус временски период. Но, сакам да верувам дека сум била почестена и привилегирана, макар накратко да ги имам покрај себе. Да, знам што е вистинска љубов, прекрасен родител и сестринско другарство. Свесна сум колку е значајно, но и убаво да искусиш токму ваква убавина. Ова се зборовите што често ѝ ги кажувам на мојата ќерка, сакајќи да ја научам да не се задоволува со ништо помалку во иднина“, рече Костадиновска во интервју за „Слободен печат“.

 

Слични објави

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо
Се вчитува....