6.8 C
Скопје
00:46 - 19 октомври, 2026

Мајката на Адриан Гаџа, која стана баба, со видео се огласи по враќањето на синот на сцената

Мајката на Адриан Гаџа се огласи по концертот на Јован Јованов и Елвир Мекиќ на кој нејзиниот син, по долго време, се врати на сцената.

Сузана Гаџа сподели видео од моментот кога целата сала вреска по Адриан, кога Врчак го најавува како уште еден специјален гостин на концертот.


На почетокот од годинава, Гаџа по долго време се појави во јавноста со интересна приказна за неговата мајка. Мајката на познатиот пејач, во фустан и по патики на студено време танцуваше пред ресторанот на Гаџа, а пријателите, гледајќи го видеото на социјалните мрежи воодушевено коментираа и се восхитуваа на нејзината енергија.

Гаџа беше еден од најпопуларните музичари на нашата сцена од почетокот на 2000-та година. Тој потоа се повлече од музичката сцена во Македонија и повеќе работеше во Косово и во Албанија каде што, исто така, е доста популарен.

Тој раскажа дека последниве години, тој е активен на албанската и на косовската естрада, која бара поголем ангажман и посветеност. Гаџа е посветен на водење на семејниот локал во Скопје.

Во феврауари, Гаџа кој подолго време се држи подалеку од јавноста и од музичката сцена, тивко ја круниса својата врска со Сидорела Даути, избирајќи приватниот живот да го држи надвор од медиумското внимание.

Нивната романса беше забележана уште минатото лето, кога двојката беше видена како ужива на одмор заедно, што навестуваше дека врската станува сè посериозна.

Пред еден месец, Адриан и Сидорела станаа родители. Радосната вест пејачот ја сподели на својот инстаграм-профил преку фотографија на која се гледаат рацете на мајката и новороденчето, кое го нарече својот „мал ангел“.

Иако Гаџа во објавата не го откри официјално полот на приновата, во честитките од неговите блиски пријатели, колеги и соработници доминираат пораки што укажуваат дека семејството добило машко дете.

Слични објави

(Видео) Марија Шерифовиќ извади паштета среде ресторан во Бали и ја изеде за секунда – сите останаа во целосен шок

Еспресо

Тајната на најголемиот хит на Џеј исплива по 30 години: Песната „Од љубов до омраза“ била наменета за Цеца

apostolova

(Фото) Која од која поубава! Милица има две сестри, мајка ѝ објави прекрасна славеничка фотографија

Еспресо

(Фото) Се омажи ќерката на Ена Беговиќ – Лана го кажа судбоносното „да“ во елегантна венчаница која ја истакна нејзината фигура

Еспресо

(Видео) Скандал на хрватските пејачки во Нови Сад: „Зошто ме бакнуваш трипати?“

Еспресо

Ќерката на Гоца Тржан студира еден од најтешките факултети, пејачката откри дека имала тежок избор

Еспресо
Се вчитува....