19:46 - 29 јули, 2026

Пријателка на Тамара Тодевска се отвори за нивните несогласувања, но рече дека ја поддржува

За личните несогласувања со Тамара Тодевска, за првпат прозборе нејзината блиска пријателка Слободанка Тренчева, позната како Боте, организаторка на настани и дел од културната платформа „Терапија“.

Тренчева и Тамара беа многу блиски, а таа секогаш ѝ беше најголемата поддршка во музиката. Во својот фејсбук-статус, таа рече дека и понатаму ја поддржува Тамара без оглед што не зборуваат.

„Не мора да зборувам со некого за да го почитувам неговиот труд. Личните несогласувања се едно, а признавањето на нечии успеси сосема друго.

По години хитови, емоции и песни што оставаат трага, Тамара Тодевска отвора ново музичко поглавје. Новиот албум ‘Кукла жива’ не е само збир на песни, туку лична приказна составена од искуства, раст, љубов, падови и победи. Искрен, зрел и препознатливо свој, овој албум ја покажува Тамара во нејзиното најавтентично издание. Музика што не се слуша само со ушите, туку и со срцето“, напиша Слободанка Тренчева-Ботовача.

Инаку, „Терапија“ e платформа чија цел е креирање на простор за развој на независна културна и клупска сцена.

Фото: Скриншот

Неодамна, „Терапија“ во Скопје организираше стручна трибина посветена на улогата на ноќната култура во современиот урбан живот, На настанот присуствуваа диџеи, организатори, психотерапевти, професори и претставници на институции, кои дискутираа за состојбата и иднината на ноќниот живот во градот.

Тамара Тодевска подготвува голем концерт на 3 октомври во арена „Борис Трајковски“, со кој ќе одбележи 25 години кариера, а паралелно работи и на новиот албум „Кукла жива“.

Една по една, таа ги најавува песните од новиот албум на социјалните мрежи.

Слични објави

Златко Јовановски: „Сум одбил да креирам за македонски јавни личности кои барале фустан гратис“

Еспресо

(Фото) Гаги и Ѓоле Ѓогани покажаа кој е во подобра форма: Разликата меѓу нив е повеќе од една деценија, а изгледот ги воодушеви фановите

apostolova

„Долго размислувам да посвојам дете“: Индира Левак за борбата за потомство и желбата да стане мајка

Е.А.

(Видео) „Сингл животот е супер, слободна девојка“: Сања Савеска откри детали за љубовта

Еспресо

(Видео) Нема да верувате колку години наполни Бојана Лазиќ: Три торти и раскошен букет за славеничката

Еспресо

(Видео) Лепа Брена крена нога на концерт и ги „запали“ мрежите: „Она кога за малку ќе ти го скрши телефонот“

Е.А.
Се вчитува....