18:28 - 7 ноември, 2026

(Фото) Ова се родителите на Лозано, го поддржале кога на 14 години си заминал од дома

Имал само 14 години кога си заминал од дома, а родителите го поддржале во одлуката самиот да си го најде својот пат. На Инстаграм е објавена ретка фотографија од родителите на пејачот Влатко Лозаноски-Лозано.

Лозано од родното Кичево на 14 години заминал во Битола, за да учи во средното музичко училиште, а потоа се преселил во Скопје, но секогаш со радост се враќа во својот град и со гордост раскажува за него.

Пејачот претходно раскажал дека секогаш кога може, оди во роднот град, се гледа со старите пријатели и ужива во домашниот ручек на својата мајка кој за него е највкусен, но во и кичевските бели печива кои се познати низ цела Македонија.

Лозано и неговата сопруга неодамна го прославија првиот роденден и крштевка на нивниот син Марко, во Марков манастир. Од овој посебен ден, тој објави фотографии, но и неговата сестра, писателката и наставник по македонски јазик Марија Лозаноска.

Марија Лозаноска со внукот Марко Фото/Инстаграм

На едната фотографија  е таа со својот внук, а на другата се родителите на Марија и на Влатко, а покрај фотографијата, таа напишала: „Со баба и дедо, а тета Маре ги слика“.

Родителите на Марија и на Влатко Лозаноски со внукот Марко, синот на Лозано Фото/Инстаграм

Слични објави

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.
Се вчитува....