-0.2 C
Скопје
08:58 - 22 декември, 2024

Ова се деталите за крунисувањето на Чарлс Трети: Од неверојатна облека до дијаманти и наследена традиција

Во пресрет на крунисувањето на Чарлс Трети, кое ќе се одржи утре, на 6 мај, ви пренесуваме детали за најголемата церемонија во Британија, како и детали за облеката на кралот и кралицата и можните проблеми со кои би можел да се соочи организаторот.

„Школување со работа и труд на највисоко ниво“, така Чарлс III, најстариот син на кралицата Елизабета Втора, своевремено го опиша својот живот, во кој помина повеќе од седум децении чекајќи да ја наследи, од 1952 година кога неговата мајка се искачи на тронот, каде што остана најдолго од билокој друг монарх во британската историја, 70 години и 214 дена.

Мајка си ја наследи по нејзината смрт на 8 септември минатата година, а на 6 мај (утре) ќе биде крунисан за крал на Велика Британија. И тоа, како што налага традицијата, во Вестминстерската опатија, каде што пред 900 години бил крунисан Вилијам Први Освојувачот и сите други англиски, подоцна британски кралеви по него, а Чарлс ќе биде 40-ти во таа линија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Clarence House (@clarencehouse)

Додека помладиот син на Чарлс, принцот Хари, ќе биде само присутен набљудувач на крунисувањето, принцот Вилијам како најстар син и престолонаследник ќе има посебни обврски – тој ќе му помогне на својот татко да ја облече царската одежда, ќе клекне пред него и ќе му се заколне дека верно ќе му служи нему и на кралството.

И деветгодишниот принц Џорџ, најстарото дете на Вилијам, како следен наследник, ќе учествува на церемонијата на крунисувањето, најверојатно како еден од дворјаните.

Делумно поради традицијата толку драга на Британците, а делумно и поради веќ најавеното штедење, Чарлс ќе ги носи на крунисувањето веќе постоечките наметка и круна. Ќе патува од Бакингемската палата до Вестминстерската опатија со кочија направена во 2012 година во Австралија, напарвена со цел да се прослави дијамантскиот јубилеј на кралицата Елизабета. Тој ќе носи темноцрвена, украсена кадифена наметка, позната како Наметка на Државата, а потоа ќе се облече во специјална облека за самата церемонија на крунисување. Најпрво ќе облече бела ленена туника без ракави (Colobium Sindonis), наследена од неговиот дедо Џорџ Шести. Самиот Џорџ Шести ја носел оваа „туника“ на неговото крунисување во 1937 година. Врз неа се облекува таканаречена „супертуника“ – долга наметка украсена со златни украси, тешка околу два килограми, направена во 1911 година за Џорџ V, а потоа ќе ја облече таканаречената царска наметка, извезена со злато и со златна тока во форма на орел, изработена во 1821 година за Џорџ IV. Таа пак, тежи нешто помалку од четири килограми. На појасот ќе го носи таканаречениот Sword of Offering односно свечен меч украсен со скапоцен накит, а на едната рака – на онаа во која ќе го држи кралскиот жезол, ќе навлече бела, кожена, богато украсена ракавица.

По крунисувањето, сета таа одежда ќе ја соблече и ќе навлече наметка изработена од темноцрвено кадифе.

На патот кон Вестминстерската опатија, зад кралот Чарлс ќе се вози неговата сестра, принцезата Ана, во улога на кралска церемонијална заштитничка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Clarence House (@clarencehouse)

На крунисувањето на кралот Чарлс, од Шкотска ќе биде донесен камен престол, познат и како Камен на судбината. На него седеле шкотските кралеви за време на крунисувањето, се до пред седум века, кога во еден од неговите неколку воени походи во Шкотска, не ја присвоил англискиот крал Едвард Први. Престолот бил трајно вратен во Шкотска дури во 1996 година и сега се наоѓа во замокот Единбург.

Иако порано за кралевските сопруги се изработувале посебни круни, сепак, Камила ќе биде крунисана со круната со која во 1911 година, на крунисувањето на Џорџ Петти била крунисана кралицата Мери. Но ќе биде дополнително украсена со специјални дијаманти кои кралицата Елизабета Втора често ги носела како брошеви.

Новата кралица ќе носи фустан од Брус Олдфилд, омилениот дизајнер на принцезата Дијана, а кога ќе пристигне во Вестминстерската опатија, ќе носи и темноцрвена наметка направена во 1953 година за Елизабета Втора. Но сепак, Опатијата ќе ја напушти во нова облека, скроена специјално за оваа пригода.

Ден по крунисувањето ќе се одржи голем концерт на отворено во градината на замокот Виндзор. Познато е дека ќе настапат бројни ѕвезди меѓу кои и Лајонел Ричи, Кети Пери, Андреа Бочели, Никол Шерцингер и бројни други.

Слични објави

Хороскоп за 22 декември: Бикот да го направи првиот потег, Скорпијата ја чека изненадување, а вие?

Еспресо

Луна и Марко открија колку заработуваат од Јутјуб: „Доволно за еден луксузен стан во Белград!“

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ му се обрати на својот татко со низа трогателни пораки: „Сите ќе умреме! Ако ме нема утре, напишав историја“

Еспресо

(Фото) Цеца Ражнатовиќ без грам шминка: Вељко објави приватна фотографија од семејната вила

Еспресо

(Видео) Црногорската инфлуенсерка ја шокираше јавноста со својата изјава: Деца, ако учите, ќе можете да ми го миете автомобилот

Еспресо

(Фото) Ќерката на Цеца скршена по страшниот напад во Загреб: Анастасија се огласи со срцепарателна порака

Еспресо
Се вчитува....