6.8 C
Скопје
04:56 - 19 октомври, 2026

Откриен нов детаљ: Што мислела кралицата за Меган Маркл и за нејзината врска со Хари

Што мислат некои членови на кралското семејство за Меган Маркл е добро познато. Принцот Филип, на пример, рече дека актерките не треба да се мажат. Сепак, не е јасно што мислеше кралицата Елизабета, особено со оглед на тоа што Хари беше нејзиниот омилен внук. Сега се појавува вистината.

Кралицата отсекогаш се трудела никогаш да не го изрази своето директно мислење за изборот на нејзините внуци во однос на нивните сопруги. Можеби за да избегне повторување на она што се случи со нејзиниот син Чарлс. Меѓутоа, сега кога Елизабета Втора е мртва, вистината е откриена –  што навистина таа мислела за Меган, барем според тврдењето на кралскиот биограф Брендрет.

Брендрет во својата книга за кралицата Елизабета насловена „Интимен портрет“ пишува: „Вистината е дека кога нејзиниот внук ѝ кажа дека се ожени со Меган Маркл, таа беше навистина возбудена од изгледот на глуимицата. Таа направи се што можеше за нејзината идна „внука“ да се чувствува добредојдена. Беше загрижена за нејзината идна среќа“.

Сепак, Елизабета Втора не била стопроцентна спокојна во врска со нивната врска: „Единствената грижа што кралицата ја имаше уште во првите денови од венчавката на Хари и Меган било прашањето дали Хари не е, можеби, малку „премногу вљубен“.

Според Брендред, кралицата не сметала дека љубовта на Хари е зрела, туку дека станува збор за луда вљубеност, и оттука биле и нејзините сомнежи за извесноста на траењето на тој брак.

Од друга страна, дури и на врската меѓу Филип и Елизабета не било баш гледано во добро светло, а сепак двајцата поминаа заедно 73 години, една од најдолгите врски во историјата на монархијата.

 

Слични објави

(Видео) Марија Шерифовиќ извади паштета среде ресторан во Бали и ја изеде за секунда – сите останаа во целосен шок

Еспресо

Тајната на најголемиот хит на Џеј исплива по 30 години: Песната „Од љубов до омраза“ била наменета за Цеца

apostolova

(Фото) Која од која поубава! Милица има две сестри, мајка ѝ објави прекрасна славеничка фотографија

Еспресо

(Фото) Се омажи ќерката на Ена Беговиќ – Лана го кажа судбоносното „да“ во елегантна венчаница која ја истакна нејзината фигура

Еспресо

(Видео) Скандал на хрватските пејачки во Нови Сад: „Зошто ме бакнуваш трипати?“

Еспресо

Ќерката на Гоца Тржан студира еден од најтешките факултети, пејачката откри дека имала тежок избор

Еспресо
Се вчитува....