13:08 - 29 ноември, 2026

Клиника „Жан Митрев“, настани: Љубовта кон себе е најважна

Розов пикник

Викендов со Градскиот парк Клиника „Жан Митрев“ беше дел од Розовиот пикник, настан кој традиционално се организира со цел подигнување на свеста за карцином на дојка.

Настанот беше масовно посетен од голем број жени кои се избориле со оваа болест. Покрај музичкиот дел и инспиративните приказни на дел од нив, беа поделени едукативни флаери со совети и промотивни цени на дијагностички прегледи кои се актуелни во Клиниката во месецот на женското здравје.
Не заборавајте, превентивните прегледи спасуваат живот.

Заедно можеме да направиме разлика

На покана на Американската амбасада во Скопје, а во составот на активностите за одбележување на месецот за подигнување на свеста за рак на дојка, тимот од  Клиника „Жан Митрев“ со задоволство ја поддржа иницијативата #pedal4pink.

Д-р Никола Христов, кардиоваскуларен хирург од Клиника „Жан Митрев“, беше дел и од екипата велосипедисти кои минатиот викенд ја возеа предизвикувачката седум километарска тура.

Експертскиот тим на Клиника „Жан Митрев“ ви стои на располагање. Закажете навреме термин на 02 3091 484

 

 

Слични објави

Јаков Јозиновиќ ја отвори душата пред полната Белградска арена: „Имаше лажни наслови и обиди да ме забранат, но вие ја исполнивте салата“

Е.А.

Научниците открија едноставна навика што го штити мозокот кај лицата со дијабетес тип 2, срцеви заболувања и преживеан мозочен удар

Т.Ц.

(Видео) Само на Балканот — Никола Роквиќ пееше, Наоми Кемпбел пушташе музика, а среде забава снемало струја!

К.С.

(Фото) Средба на две генерации македонски фолк-пејачки — Елена Велевска во прегратка со легендарната Блага Петреска

К.С.

Кремасто и вкусно, готово за 15 минути — рецепт за пире од карфиол кое е одлична замена за пирето од компири

К.С.

Дневен хороскоп за 29 ноември: Не избрзувајте со одлуките, побарајте совет од личност на која ѝ верувате

apostolova
Се вчитува....