14:43 - 7 ноември, 2026

„Никој да не пуштил солза, Жарко ќе се налути“: Комеморација за Лаушевиќ во Југословенскиот драмски театар

Комемоерацијата по повод смртта на актерот Жарко Лаушевиќ, кој почина на 15 ноември, се одржа денеска во Југословенскиот драмски театар во Белград.

Колегите и пријателите Воја Брајовиќ и Ирфан Менсур се простија од Лаушевиќ со емотивни зборови, Шекспировиот сонет и стихови од Бранко Миљковиќ, а Менсур на присутните им порача: „Никој да не пушти солза, Жарко ќе се налути, знаете каков е“.

Каков беше Жарко Лаушевиќ? За да го опише, Воја Брајовиќ ја раскажа приказната за балерината која добила аплаузи и пофалби од директорот на московскиот театар Бољшој, но и објаснување дека никогаш нема да биде примабалерина, бидејќи го нема тоа нешто поради што публиката станува од седиштата.

„Жарко Лаушевиќ го имаше тоа нешто. Кој може тоа да го опише со зборови? Затоа го бркаа, само да го допрат и да го видат. Заради таа античка трагедија, ние сега им зборуваме, наместо тој веќе со децении да не е тој кој оттука зрачи со својата дарба“, рекол Брајовиќ.

Тој го испратил Лаушевиќ со Шекспировиот сонет: „Но, твоето лето со твоите убавини нема да избледе, смртта нема да се фали со тебе под своите сенки, во вечноста ќе одиш со овие стихови, тие ќе живеат и тебе живот ќе ти дадат, додека траат човечкиот поглед и здивот“.

„Го нема него, го нема вашиот татко, вашиот пријател, нашиот колега, но останува нашата љубов, нашата почит, вашата љубов и нашиот восхит“, порачал Брајовиќ.

Актерот Ирфан Менсур, кој за „Н1“ изјави дека Жарко Лаушевиќ му е како брат, на собраните на комеморацијата им порачал да не пуштат ниту една солза, додека и нему самиот гласот му треперел.

„Никој да не пушти солза! Анита, Бранка, деца, драги пријатели, Жарко ќе се налути, знаете каков е“, рекол Менсур.

Тој додал дека за Лаушевиќ, сите веќе рекле и напишале сè и дека не му преостанува ништо – освен сеќавања.

„Што ќе ми недостига мене? Ќе ми недостигаат нашите разговори додека тој беше во Њујорк. Ќе ми недостигаат текстовите што ми ги праќаше со сè уште недопишани белешки со прашањето: „што мислиш“. И јас некогаш мислев. Ќе ми недостигаат неговите препораки за тоа кои книги да ги читам и кои книги ми ги купил. Ќе ми недостига тоа што јас му го препорачав и книгите што му ги купував. Ќе ми недостига еден подарок што го добив од него, некои жолти чорапи. Ќе ми недостигаат нашите прошетки. Тој ја вклучува камерата на телефонот, па заедно шетаме во Њујорк. Па потоа утредента, задутре ја вклучувам камерата, па го шетам низ Белград. А тој вели: „полека, малку да уживам“, се присетил Менсур.

„Драги мои, Жарко го нема. Јас не се согласувам со тоа, бидејќи не е фер“, се простил Менсур од колегата и пријател.

 

.

Слични објави

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.
Се вчитува....