12:03 - 7 ноември, 2026

(Видео) Македонецот Мики Секуловски „растури“ на „Ѕвездите на Гранд“: „Ти си најдобриот рок пејач кој пеел на оваа сцена“

Велешанецот Мики Секуловски, кој стана познат со учеството во „Македонски идол“, полека го освојува регионот со неверојатниот глас и изведбите на музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“.

Негова менторка е српската пејачка Светлана Ражнатовиќ – Цеца, а во последната емисија ги испеа песните „Након свих ових година“ на „Бијело дугме“ и „Алфа Ромео ГТА“ на Дадо Топиќ.

Стручното жири, составено од Александар Милиќ – Мили, Ана Бекута, Драган Стојковиќ – Босанац, Марија Шерифовиќ, Снежана Ѓуришиќ, Вики Миљковиќ и Ѓорѓе Давид, му даде шест гласа од можни седум.

Тој пееше во дуел со 17-годишниот Инел Нукиќ од Босна и Херцеговина, кој добил само еден глас од Снежана Ѓуришиќ, која искоментирал дека му го дала тој глас за да го поддржи.

„Досега имаше повеќе рок изведувачи на оваа сцена, но ти си далеку најдобар од сите кога станува збор за таа музика“, искоментира Шерифовиќ.

Ѓорѓе Давид, пак, стана од своето столче и го прегрна нашиот натпреварувач, покажувајќи го своето восхитување.

Слични објави

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.
Се вчитува....