13.8 C
Скопје
12:48 - 25 април, 2024

Неделен хороскоп (18. до 24 јули): Многу љубов за Девиците и Скорпиите, деловни успеси за Лавовите, добри всети за Стрелците…

Оваа недела планетата Венера ќе влезе во знакот на Рак, додека планетата Меркур во знакот Лав, а вие во кој знак сте родени? Дознајте со нас што ви подготвуваат ѕвездите оваа недела!

Овен: со месечината во знакот!
Драг Овен, вашата недела започнува со три месечеви денови кои ќе бидат навистина многу среќни! Понатаму, од вторник планетата Меркур ќе престане да ве попречува на работното поле и ќе се врати да ве поддржи: во следниот период би можеле да пристигнат важни вести… Единствената болна точка: од понеделник Венера ќе спроведе неповолен транзит, кој може да ви донесе уште некоја љубовна болка.

Бик: добри и лоши вести…
Оваа недела тве очекуваат добри и лоши вести. Да почнеме со лошата: почнувајќи од вторник планетата Меркур ќе ви сврти грб, а во наредниот период може да наидете на уште некои пречки на полето на работа. Добрата вест, сепак, е што почнувајќи од понеделник планетата Венера ќе биде активна во ваша корист, подготвена да ви подари големи емоции во љубовта!

Близнаци: чао, Венера!
Драги Близнаци, оваа недела планетата Венера ќе го напушти вашиот знак, но нејзиното позитивно влијание ќе продолжи да ви дава големо задоволство во областа на чувствата. Добри вести доаѓаат, сепак, на полето на работа: почнувајќи од вторник, на среќниот Јупитер ќе му се придружи Меркур, подготвен да ви даде нови можности кои треба д аги фатите во лет и ќе ви донесе навистина интересни средби.

Рак: добредојде, Венера!
Драги Ракови, оваа недела започнува на големо, со влегување на планетата Венера во вашиот знак! За вас започнува многу среќен период кога се во прашање чувствата. Последниот дел од јули и почетокот на август срцето забрзано ќе ви чука… без разлика дали сте сè уште сингл или не! Среќна месечина во четврток и петок, кога би можеле да стигнат и добри вести на полето на работа.

Лав: добредојде, Меркур!
Драг Лав, дали сте подготвени да го пречекате Меркур во вашиот знак? Почнувајќи од вторник, планетата на комуникацијата и врските ќе блесне во вашиот знак, давајќи ви предност и во професионалната и во социјалната сфера. Вие не само што ќе бидете број еден во канцеларијата, туку и кралеви на забавата на плажа! Обложувајте сè на среќните денови на месечината – понеделник, вторник, сабота и недела.

Девица: доаѓаат големи емоции!
Драга Девица, конечно оваа недела планетата Венера ќе се врати на ваша страна! Откако ја ставивте на тест вашата врска во последниот период, сега ќе ви помогне да најдете мир во животот како пар или, доколку сте слободни, да запознаете некој посебен/а. Најсреќните денови од оваа гледна точка ќе бидат четврток и петок, со прекрасна романтична месечина подготвена да ви подари големи емоции.

Вага: Меркур се грижи за вас!
Драга Вага, вашата недела не започнува најдобро: во понеделник, вторник и среда месечината ќе биде спротивна на вашиот знак, додека планетата Венера ќе изврши неповолен транзит, кој може да ви донесе уште малку загриженост во наредниот период во областа на чувствата… За среќа, Меркур ќе се погрижи да ве расположи: почнувајќи од вторник ќе биде активен во ваша корист, подготвен да ви донесе добри вести.

Скорпија: Венера е на ваша страна!
Драга Шкорпија, оваа недела планетата Венера ќе биде активна во ваша корист, подготвена да ви подари крај на јули полн со романтика и страст! За жал, почнувајќи од вторник, планетата Меркур ќе ви го заврти грбот: во наредните недели може да се појават уште некои грижи околу работата. Обрнете особено внимание на тешките денови, со месечината во опозиција, четврток и петок.

Стрелец: добри вести!
Драг Стрелец, оваа недела – конечно! – планетата Венера повеќе нема да биде во опозиција со вашиот знак. Почнувајќи од понеделник за вас ќе започне помирен период во однос на чувствата. Без разлика дали вашата врска успеа или не да одолее на моментот на криза, сега ќе ја имате целата сила што ви е потребна за да започнете од почеток. Внимавајте на нервозната Месечина во опозиција во сабота и недела.

Јарец: Венера ви врти грб
Драг Јарец, оваа недела – за жал – планетата Венера ќе дојде во опозиција со вашиот знак. Следниот период нема да ви биде лесен што се однесува до чувствата: на дневен ред ќе бидат кавги и тензии… Но, има добра вест: почнувајќи од вторник планетата Меркур повеќе нема да биде во опозиција со вашиот знак! Малку по малку ќе се отклучи работната ситуација и ќе се реши работа која ви е при срце…

Водолија: Меркур во опозиција
Драги Водолии, за жал оваа недела – почнувајќи од вторник – планетата Меркур ќе дојде во опозиција со вашиот знак. Следниот период може да донесе компликации или непредвидени настани на работното место. Особено бидете внимателни во односот со шефовите и колегите… Марс во неповолна положба го нагласува заморот. Убаво враќање на енергијата помеѓу сабота и недела, кога месечината ќе ви се насмевне.

Риби: Венера се враќа да ви се насмее!
Драги Риби, конечно оваа недела ќе бидете полни со љубов! Почнувајќи од понеделник можете да сметате на Венера која повеќе не е непријателска, туку активна во ваша корист, подготвена да ви донесе одлични вести на полето на чувствата… Особено романтични денови, дури и со убава среќна месечина, ќе бидат четврток и петок. Помеѓу сабота и недела, сепак, може да дојде до одредена тензија во семејството.

Слични објави

Канје Вест се впушта во порно бизнис, отвора студио: Советничка му е ексљубовницата на Трамп,Сторми Даниелс

еспресо

Почина познатиот менаџер Велибор Џаровски-Џаро

еспресо

Раста се огласи од болница, мора итно на операција: „На безобразните им посакувам исто да ги снајде“

еспресо

Се огласи сопругата на Никола Роквиќ: „И ние тргнуваме на пат за Грција…“

еспресо

Астропрогноза за четврток, 25 април: Скорпиите да не преземаат ризик, за Девиците неочекувани обврски

еспресо

Бела низа денови: Два хороскопски знаци ги чека исполнување на соништата

еспресо
Се вчитува....