23.8 C
Скопје
13:38 - 29 септември, 2026

Неда Украден потресена од смртта на Слаѓана Милошевиќ: „Беше неверојатна и различна…“

Од вчера, музичката сцена на Балканот жали поради неочекуваното заминување на една од највпечатливите фигури на регионалната музика, особено во 1980-тите години. Слаѓана Милошевиќ, родена како Александра на 3 октомври 1955 година, почина на 69-годишна возраст во Земунската болница. Оваа вест ги шокираше не само нејзините обожаватели, туку и колегите од музичката индустрија.

Една од колешките и пријателки на починатата рокерка, Неда Украден изјави дека е длабоко потресена од оваа тажна вест. „Пред се, мое длабоко сочувство до нејзиното семејство, нејзините фанови, целата музичка сцена на овие простори. Слаѓана беше исклучителна музичка личност, жена која одбележа време со својата личност. Ова е голема загуба за нашата музичка сцена “, рече Неда Украден и додаде дека не знаела дека Слаѓана била болна и дека се надева дека имала соодветен третман.

Пејачката Неда Украден се присети на времето кога музичарите се дружеле и заедно патувале низ поранешна Југославија и во странство, на турнеи.

„Се знаевме, сите бевме пријатели порано, пејачите одеа заедно на турнеи, на снимања, емисии, порано беше така сега веќе тоа го нема. Таа беше неверојатна и различна личност, талентирана и исклучителна. Да повторам уште еднаш, многу ми е жал и уште еднаш најдлабоко сочувство до целото семејство“, изјави Неда за српски Информер.

Дадо Топиќ за Слаѓана Милошевиќ: Многу ја сакав, ќе ми недостасува

Слични објави

Кеба за првпат проговори за обвинувањата и местенките во „Ѕвездите на Гранд“

Е.А.

(Фото) Ева Нединковска се омажи за саканиот Филип — ќерка ѝ Ена во бел фустан покрај мајка си

Еспресо

Вера, Надеж и Љубов, трите маченички на чија смрт сведочела мајка им Софија

Т.Ц.

Сања Вучиќ ја замени Ана Бекута во „Ѕвездите на Гранд“: Откри дали се слушнале по нејзиното заминување

Еспресо

„Еве ме пак“: Каролина Гочева повторно ужива во Прага

Еспресо

Дневен хороскоп за 29 септември: Бидете внимателни во донесувањето на одлуките

apostolova
Се вчитува....