22:25 - 8 ноември, 2026

Не успеале да се поздраат пред да почине: Коки искрено за Дуле и за борбата за неговата ќерка

За борбата за животот на неговата ќерка, и за последниот ден од животот на Дуле, емотивно раскажа виолинистот Коки Јанков.

-Се борев на овој начин, се борев, таков е животот нели…, Колата не ми беше дома, јас тргнав да го видам до Државна болница пешки, таму беше мајка му. И на пола пат ми вели: „Коки, готово е…

Знаете кога на некој друг му се случува е едно. Кога ќе стане тесно за сопствениот живот, односно во овој случај, повеќе од сопствениот живот, на моето дете“, рече Коки во емисијата „Животна приказна“ на Македонската телевизија.

Ова го откри во најавата на емисијата која е објавена на социјалните мрежи. Инаку, Коки претходно најави дека на претстојниот „Макфест“ ќе пее две песни во чест на прерано починатиот Душан Љубисављевиќ- Дуле.

Фото/ Фејсбук

Фестивалот годинава ќе слави јубилеј, цели 40 години, а една од песните кои Коки ќе ги пее е „Виолина и гитара“ со која со Дуле настапија и победија на „Макфест“ во 1996 година.

Дуле почина од канцер на 23 септември во 2013 година.

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....