Исидора Трифуновиќ, сопруга на српскиот актер Сергеј Трифуновиќ, јавно проговори за инцидентот што се случи на почетокот на август во трговски центар во Белград. Откако при излегување од продавница се активирал алармот против кражба, таа беше приведна и против неа е поднесена кривична пријава под сомнение за кражба. Исидора тврди дека облеката „случајно завршила во нејзиното ќесе“.
Во поткастот „Безбедно место“, Исидора раскажала дека таа и сопругот тој ден отишле во набавка на намирници, а не облека.
– Имавме некој план за денот и одлучивме да одиме во набавка за фрижидерот, а не за плакарот. Решивме да го направиме тоа во трговски центар, што Сергеј не поднесува. Поминуваме покрај таа продавница и јас велам: „Ајде само да свратиме да видиме што има“, а тој ми вели: „Немој.“ – раскажала Исидора.
Сепак влегле, но таа не нашла ништо за себе.
– Во меѓувреме, го изгубив Сергеј и му се јавувам, а тој ми вели: „Дојди тука и тука, ти најдов кошула и панталони, само да ги пробаш.“
Откако ги пробала алиштата во кабината со сопругот, нејзе ѝ се допаднале, нему му се допаднале, ги врати на закачалката и се упатила кон излезот.
– Почнува да пишти, не регистрирам, бидејќи нешто постојано пишти. Доаѓа човек и вели: „Дали ова е ваше?“, јас велам: „Што?“ „Оваа кошула“, јас велам: „Не, не е“, а тој вели: „Вие сте ја понеле.“. Јас велам, добро нема врска, веднаш ќе ја платиме, тој вели: „Не може“ – раскажала Исидора.
Му објаснила дека не знае како кошулата завршила во нејзините работи.
– Јас вратив некои работи, а таа останала, не можам да лажам, јас не знам каде, дали останала закачена за торбата, некаде останала со моите работи. Имав работи и торба – додала Исидора.
Таа истакнала дека веднаш сакала да плати за спорниот артикал, но дека персоналот не ѝ дозволил да го стори тоа.
– Човекот рече дека не е таква процедурата. И вели: „Дојдете со нас“ – додала таа.
Откако пристигнала полицијата, таа отишла во станицата, а потоа била пуштена дома.
Сергеј и Исидора се венчаа во 2024 година и неодамна ја прославија втората годишнина од бракот. По тој повод, актерот објави заеднички фотографии со порака упатена до неа.
