16.8 C
Скопје
03:00 - 27 јули, 2024

Не е фер: Вака Мелина се однесувала во бракот, а сите мислеа дека Харис е строг

Љубовта на Харис и Мелина траеше повеќе од две децении.

Веста за разводот на пејачот Харис Џиновиќ и неговата 30 години помлада сопруга, модната дизајнерка Мелина, ја изненади јавноста бидејќи сопружниците важеа за еден од најхармоничните парови на естрадата.

Љубовната приказна на Харис и Мелина започна во 2002 година, кога модната дизајнерка беше трета година на студии, а средбата која им го промени животот се случи во Сараево.

Вака Мелина своевремено зборуваше за бракот со пејачот. Имено, познатата креаторка во една прилика изјавила дека со сопругот Харис добива многу повеќе отколку што тој добива од неа. Рекла дека добила сопруг, љубовник и ментор, а со тоа научил се во животот.

„Кога го запознав, бев разгалено детиште, кое мислеше дека се ќе добие со солзи, како кај татко ми. Тој ме направи независна жена која се чувствува многу безбедно бидејќи знае дека има столб зад себе. Ми го даде најдобриот совет во животот и успеа да ги смири сите мои бубачки, што воопшто не беше лесно“, изјавила Мелина.

Мелина рекла и дека никогаш не разбрала зошто куќата што ја реновирале добила толку голем публицитет и дека не сака да поминува време во куќата, туку ужива во патувања и дружење.

„Бидејќи никогаш претходно не сум поминувала денови дома, ниту овој нов, прекрасен простор нема да ме натера да го правам тоа. Јас едноставно не сум таков тип. Навикната сум на патување, дружење, излегување“.

Креаторката признала дека нивниот брак не бил нормален од самиот почеток и дека децата биле воспитани и навикнати на фактот дека таа и Харис не се цело време со нив.

„Од почетокот на бракот не живеам нормално, прво поради работата на Хари, а потоа и поради мојата. Децата беа воспитани малку чергарски, навикнати се да не бидеме секогаш таму, но никогаш ништо не им недостасуваше. Јас сум одличен организатор, а околу нив секогаш имаше многу луѓе кои ги сакаат и се грижат за нив: сестра ми, брат ми, мајка ми, татко ми. Таа мешавина на влијанија беше одлична за нивната емоционална независност. Никогаш не беа врзани за мене на таков начин да плачат ако не сум во нивна близина“.

Кога станува збор за воспитувањето на Кан и Џина и воспоставување правила и строгост, Мелина изјавила дека тие сега се возрасни и правилата се менуваат, иако тоа лично не и се допаѓа. Децата отсекогаш имале повеќе пријателски односи со Харис и за неа било незамисливо едно од нив да и одговори со „не сакам“.

Потсетуваме, откако се појави веста дека Харис и Мелина се разведуваат, познатиот пејачка не даваше изјави за медиумите. Меѓутоа, вчера тој за првпат проговори на оваа тема:

Слушам и гледам што се пишува за мене, не сакам да давам изјави. Сега да ме прашуваш за интимни работи, нема смисла. Ништо не ме допира, ништо од тоа не е вистина. Ми звонеа за изјави, не сакав да давам. Не разговарам со децата за тоа, ме прашуваат сите оние кои се членови ан семејството. Не зборувам со нив за ситуацијата, знаат тие што се случува, прашајте ја Мелина, јас не знам ништо“ – рече Харис.

Харис Џиновиќ првпат проговори за разводот: „Нема ништо од минатото, ниту може да се промени…“

 

Слични објави

(Фото) Се појавија експлицитни фотографии од Меланија Трамп: „Сакате да удирате ниско?“

еспресо

(Фото) Романтичен ручек на луксузна јахта: Братот на Новак Ѓоковиќ и сопругата уживаат на море

jasmina.kantardzieva

Цеца Ражнатовиќ жртва на измама: Моето име е злоупотребено, ќе биде добро ако не поднесам кривична пријава

Еспресо

„Веста нè шокираше!“ Соседите на Драгана Мирковиќ од родниот крај го разврзаа јазикот за разводот со Тони Бијелиќ

Еспресо

„Прво ќе те претепа, па ќе ти донесе букет“: Ведрана Рудан ги откри деталите за бруталното насилство во бракот

Еспресо

(Фото) Ѕирнете во домот на Јелена Томашевиќ и Иван Босиљчиќ: Украсен со многу љубов и светлина

Еспресо
Се вчитува....