22:19 - 9 ноември, 2026

Харис Џиновиќ првпат проговори за разводот: „Нема ништо од минатото, ниту може да се промени…“

Ммногумина беа заинтригирани од веста дека на големата љубов на модната дизајнерка Мелина Џиновиќ и пејачот Харис Џиновиќ и дојде крајот…

Пејачот сега за првпат проговори за разводот. Според изјавата, тој не разговара за тоа со децата, тие самите знаат што се случува.

„Слушам и гледам што се пишува за мене, не сакам да давам изјави. Сега да ме прашуваш за интимни работи, нема смисла. Ништо не ме допира, ништо од тоа не е вистина. Ми звонеа за изјави, не сакав да давам. Не разговарам со децата за тоа, ме прашуваат сите оние кои се членови ан семејството. Не зборувам со нив за ситуацијата, знаат тие што се случува, прашајте ја Мелина, јас не знам ништо“ – рече Харис.

Пејачот со легендарен глас зборуваше и за својата ќерка која секој ден е се поубава и се попопуларна:

– Не ми пречи што Џина е убава, не се мешам, не давам совети, може да дојде до судир на мислења, не сакам да знам за социјалните мрежи, не сум упатен, Тоа и го оставам на неа, таа знае што прави. Ако и оди добро, тогаш е успешна. Ако одлучила, зошто да не биде во јавност. Синот Кан понекогаш доаѓа на натап, како ќе им падне на ум. Не знам што им е во главата за моите настапи – рече тој.

Тој истакна дека зад себе ги остава сите добри и лоши спомени, дека од нив не останало ништо:

– Ги оставам добрите и лоши спомени зад себе, нема ништо од минатото. Ниту може да се промени ниту ништо. И да се каам и да се радувам, тоа не помага ништо. На иднината гледам со отворени очи, немам негативни аспекти, гледам да ги искористам сите моменти во животот кои ми се пружаат – изјави Харис во емисијата „Премиер викенд специјал“.

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....