12:45 - 28 ноември, 2026

Не било сè глатко во врската на Тања Савиќ и Мухамед Бешиќ: Мајката на пејачката прва се побунила

Пејачката Тања Савиќ ја потврди врската со единаесет години помладиот пилот Мухамед Бешиќ.

Пејачката на својот Инстаграм профил објави порака набргу откако ја откри љубовта кон пилотот:

-Дали некогаш сте застанале и сте помислиле – леле, се молев за ова, а сега е тука и ми се случува.

Инаку, заљубената двојка со нејзините деца престојува во Египет, на одмор. Токму на таа локација се гледаат и првите фотографии со дијамантски прстен на раката на пејачката. А според пишувањата на српските медиуми, Мухамед ја запросил Тања на романтична вечера во Египет.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by TANJA SAVIC (@tanja_savic_private)

Изворот наведува дека во текот на страсната врска дошло и до раскинување, а причината е затоа што нивните родители биле против врската поради разликата во годините, а на мајката на Тања Савиќ посебно и пречело бидејќи Мухамед е од друга вероисповед, па таа не ни сакала да слушне за него.

Да потсетиме, нивната врска започна пред неколку месеци и не беше баш мирна. Мухамед е родум од Бјелина, а живеел во Германија, Белгија и САД, пренесува espreso.rs.

 

Слични објави

Заштедете време и труд — пет работи што ги перете на рака, а можете да ги исперете во машина

К.С.

Васил Зафирчев: Моите родители не сакаа да бидам актер

Еспресо

Таско за Панчо од ДНК: Знаеше да се бори со моите демони кога никој друг не знаеше

Еспресо

Николија Јовановиќ по концертот во „Сава центар“: „Бев во паника поради брзите пресоблекувања, а Реља ми беше најголема поддршка“

Е.А.

Дневен хороскоп за 28 ноември: Заштитете ги вашите деловни интереси и прекинете контакт со несигурна личност

apostolova

Катарина Живковиќ застана во одбрана на Вељко Ражнатовиќ: „Момчињата не носат здолништа и точка“

Еспресо
Се вчитува....