10.8 C
Скопје
01:23 - 6 мај, 2024

Најтажната песна на Тома Здравковиќ крие голема трагедија: Ја испеа еднаш и никогаш повеќе

Тома Здравковиќ во текот на својата богата кариера сакаше многу жени и пееше за многу жени. „Данка“, „Љиљана“, „Бранка“… сите тие песни станаа големи хитови и во нив се ужива и денес. Сепак, најтажната песна никогаш не стана хит и речиси целосно беше заборавена… се до првата епизода од серијата за животот на еден од најголемите пејачи на фолк музика во регионот.

По големиот успех на филмот „Тома“, публиката во ргионот сега ќе има можност да ја погледне истоимената серија која уште подетално ќе го прикаже животот на пејачот Тома Здравковиќ. Благодарение на ова, некои ликови, кои не најдоа место во филмот, ќе бидат подетално прикажани.

Во првата епизода тоа беше Славица (ја игра младата актерка Ива Илинчиќ), една од првите големи љубови на познатиот пејач и жената на која ѝ ја посвети песната „Букет бели рози“.

Прва љубов

Тома и Славица се запознале додека тој сè уште бил релативно непознат пејач. Фаталната средба се случила во Тузла, каде Тома пеел пет години во хотелот „Бристол“. За младиот Тома, витката русокоса Славица, со длабоки, сини и по малку тажни очи, родум од Травник, била остварување на сонот.

Тој за прв пат сериозно се заљубил во неа, но врската била бурна, одбележана со недоразбирања и несогласувања. Иако имале силни чувства еден за друг, Тома и Славица се расправале и раскинувале, се помирувале и поминувале периоди во склад, за по некое време повторно да се расправаат.

Тома планирал заеднички живот со Славица и бил убеден дека таа е жената што ќе ја доведе до олтарот, но судбината имала други планови.

Дефинитивното раскинување се случило во Белград, каде Тома се обидел да се вработи како пејач во кафе-барот „Теразије“ во Безистан, па дошол на пробен тест.

– Добив страшна нервоза бидејќи тогаш во кафе-барот во Безистан свиреа најдобрите музичари, а да биде уште полошо, на пробата беа и познатите фудбалери Драгослав Шекуларац и Зоран Миладиновиќ. Ме исмејуваа тие големи имиња додека пеев… „Утепан“ и искомплексиран, не ни забележав дека Славица седи со Зоран и муабети со него како стар пријател. Дури кога им пријдов, сфатив дека тука нешто не е во ред. Пред целото друштво рече дека мора да посети некои пријателки. Што би можел да направам освен да се согласам. Се вратив во празната соба на хотелот „Балкан“, а таа се појави дури по полноќ – изјави подоцна Тома во едно интервју.

Трагедија испеана во песна

Тома им се вратил на кафеаните кадешто продолжил да пее. Долго време не слушнал ништо за Славица, иако знаел дека е во Сараево. И тогаш, еден летен ден во 1963 година, кога пеел на црногорското приморје, пристигнала телеграма која променила се.

– Еден ден, враќајќи се од плажа, навратив на рецепција. Велат: „Имаш телеграма“. А мене никој со години не ме контактирал, ниту од дома, ниту од никаде. Па, ни моите од Печењевац, селото во близина на Лесковац, не можеа да знаат каде сум. Се откачив од нив и одев од кафеана до кафеана, низ целата земја… Ја зедов телеграмата на која пишуваше дека итно треба да се јавам на еден лекар во болница во Сараево. Докторот кој ја испрати телеграмата рече дека Славица е тешко болна и сака да ме види. Тотално ме шокираше – изјави подоцна пејачот.

Тома веднаш се спакувал и се упатил кон Сараево. Во болничкиот кревет едвај ја препознал девојката која толку многу ја сакал – слаба и изнемоштена, ослабела повеќе од 30 килограми. Иако сакал да остане, договорот и ангажманот не му го дозволиле тоа.

Само неколку дена по враќањето пристигнала уште една телеграма – Славица починала.

А останатото горе-долу се одиграло како што е прикажано во серијата. Растргнат од болка, Тома го правел само тоа што најдобро го знаеше – ги пишуваше своите стихови произлезени од животот. Така настана песната „Букет бели рози“.

– Почина во Сараево, ја погребаа во родниот Травник, а јас стигнав на свежата тумба, само да положам букет бели рози. Седум-осум години подоцна, токму во Травник, за прв пат јавно ја отпеав песната посветена на неа, која беше огледало на нашиот живот. Ја изведов тогаш и никогаш повеќе. Плачев, плачеше цела сала. Тоа не беше концерт, туку погреб – се присети подоцна пејачот.

Слични објави

(Видео) Мадона одржа концерт на Копакабана: Над милион и пол луѓе ја чекаа ѕвездата

еспресо

Зорица Брунцлик и Кемиш во солзи на Велигден: „Сакав да умрам, не можев да зборувам…“

Еспресо

(Фото) Се огласи поранешната сопруга на Харис Џиновиќ: Мелина реагираше на објава на социјалните мрежи

Еспресо

(Фото) Цеца на полноќна литургија: „Верник сум…“

еспресо

(Фото+видео) Еве како изгледа вилата на Јована Јеремиќ: Базен, лозје и поглед кој го одзема здивот

Еспресо

Астропрогноза за недела, 5 мај: Биковите да размислуваат позитивно, Јарците ќе напредуваат во кариерата

еспресо
Се вчитува....