04:33 - 9 ноември, 2026

Москва вели „не“ за политички преговори за Азовстал

Сè уште е неизвесно за украинските војници забарикадирани во фабриката за челик во Мариупол. Киев тврди дека Путин не сака нивно ослободување. Зеленски пак, именува нов командант на силите за територијална одбрана.

Околу 27.400 руски војници се убиени во Украина од почетокот на инвазијата, според последните проценки на Министерството за одбрана на Киев, пренесени од локалните медиуми. Бројките на министерството за загубите на московските трупи зборуваат за уништени 200 авиони, 1.200 тенкови и 164 хеликоптери. Од почетокот на конфликтот загинале 227 деца. Рускиот посредник тврди дека: „Политичките преговори за Азовстал се невозможни“. Украинскиот претседател Володимир Зеленски пак, го потпиша указот за именување на генерал-мајор Игор Танциура за командант на Територијалните одбранбени сили на украинската армија, на местото на Јуриј Халушкин кој претходно ја извршуваше оваа функција. Во меѓувреме, финскиот претседател Ниинисто за барањето за членство во НАТО рече: „Русија покажа дека е подготвена да нападне независна земја“.

Украинските војници остануваат заробени во фабриката за челик Азовстал. „Рускиот претседател Владимир Путин не прифаќа спасување на украинските војници заробени во централата Азовстал“, изјави заменик-министерот за одбрана на Украина, Ана Маљар, а пренесува новинската агенција Укринформ. „Државата прави многу за да ги ослободи нашите бранители“, но „Путин едноставно не се согласува“, тврди Маљар, потсетувајќи дека „Украина ги вклучи речиси сите светски лидери и меѓународни организации во преговорите со Путин“.

Околу 600 војници, од кои 40 тешко повредени, се уште се во засолништата на градската металуршка фабрика на Азовското Море.

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....