23:41 - 8 ноември, 2026

„Мојата мајка не ни дозволуваше да носиме црно…“: Гога Секулиќ си ја отвори душата за големата загуба

Српската пејачка Гога Секулиќ отворено зборуваше за една од најтешките загуби во својот живот – смртта на нејзината мајка, но и за односот со поранешниот сопруг Урош Домановиќ.

Во интервју за српските медиуми, Секулиќ најпрво се осврна на естрадата, истакнувајќи дека нејзиниот круг на блиски луѓе не е од јавната сцена.

„Естрадата не е змиско гнездо. Има добри луѓе, има и помалку добри. Јас гледам да си го живеам својот живот. Моето друштво не е од јавната сцена“, изјави пејачката.

Таа со голема емоција се присети и на мајка си Нада, која почина во февруари годинава на 71-годишна возраст.

„Сестра ми и јас носевме црнина 40 дена, иако нашата мајка беше против тоа. Кога бевме мали не ни дозволуваше да носиме црно. Болката се носи во душата, а не во облеката. Мора да се работи, да се живее и да се плаќаат сметки. Тоа го сакаат и нашите најмили“, рече Секулиќ.

По смртта на мајка си, пејачката се прости од неа и преку емотивна објава на социјалните мрежи.

„Мајко… не можам да го поднесам ова и не сакам да верувам“, напиша тогаш таа.

Гога искрено проговори и за односот со поранешниот сопруг Урош Домановиќ, со кого го има синот Василиј.

„Урош и јас не сме во кавга за да треба да се смируваме. Ние сме родители на нашиот син и секој си го живее својот живот. Моето срце моментално не е емотивно зафатено. Немам време за тоа. Уживам во самотијата и слободата“, откри пејачката.

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....