23.8 C
Скопје
16:05 - 29 септември, 2026

Мишо Ковач за нарушеното здравје: Без сопругата Лидија ќе бев мртов!

мишо ковач

Мишо Ковач присуствуваше на неодамнешното отворање на Медицинскиот центар Сплит. Тоа беше негово ретко појавување во јавноста, а дојде во придружба на сопругата Лидија. 84-годишниот пејач по тој повод даде интервју за „Ин магазин“.

„Кога ја добив Лидија, таа беше целосно за мене, целосно. Ние сме заедно 27 години, да не беше таа јас ќе бев мртов во болница и по болницата. Немам мајка, немам татко, немам сестра, немам брат, го немам Еди. Само се вртам кон неа и тоа е тоа“, рече Мишо.

„Ивана има свој живот, прекрасно пее, снима. Јас не ја чепкам, кога ќе одам за Нова година, Ивана ќе биде со мене. таа неверојатно пее. Го помина најлошото“, раскажа пејачот.

Се присети и на периодот по загубата на синот Еди.

„Бев во кома, и на влезот во болницата се појавија многу луѓе. Прв ми дојде еден млад човек, ме бакна во челото и рече ‘јас го имам Исус и тебе’, се сврте и си замина“, рече тој.

Имено, синот Еди Мишо го доби во бракот со поранешната мисица Анита Батурина. Трагично настрада во 1992 година, а Мишо и Анита се разведоа четири години потоа.

Мишо со сопругата Лидија последните години живее во Строжанец кај Сплит.

„Најважни за човекот се душата, достоинството, верата и државата“, заклучи Мишо.

Слични објави

(Фото) Семејна идила – Тања Савиќ ужива со Муки, братот и снаата во Белград

Еспресо

„Ќе заминам на планина и повеќе нема да ме видите“: Адам Адактaр ги изненади сите

Е.А.

(Фото) Моделот Елена Ѓорговска „растури“ на Октоберфест — во баварска носија наздрави со пиво наместо со шампањ

Еспресо

Кеба за првпат проговори за обвинувањата и местенките во „Ѕвездите на Гранд“

Е.А.

(Фото) Ева Нединковска се омажи за саканиот Филип — ќерка ѝ Ена во бел фустан покрај мајка си

Еспресо

Вера, Надеж и Љубов, трите маченички на чија смрт сведочела мајка им Софија

Т.Ц.
Се вчитува....