10:14 - 9 ноември, 2026

Милош Биковиќ тајно се ожени: „Има прекрасна сопруга“, известуваат руските медиуми

Актерот Милош Биковиќ тајно се ожени со својата сакана Ивана Малиќ. Детали за венчавката не се познати, пренесуваат руските медиуми. Неговиот колега Иван Охлобистин зборуваше за тајната венчавка во неодамнешното интервју за aif.ru.

Зборувајќи за Биковиќ, тој истакна дека актерот е вистински православен маж и сериозно ги сфаќа жените.

„Сега е оженет, фала богу. Има прекрасна сопруга. Охлобистин додаде и дека актерот со српско потекло е многу близок до руската култура. „Милош е исто така висок професионалец и ја разбира суштината на руската култура. Нашиот говор не е секогаш лесен за странец; рускиот јазик е доста сложен“.

Во септември актерот изјави дека тој и Ивана наскоро за прв пат ќе станат родители. Според него, тој немал намера да ја открие оваа вест, но новинарите го бркале и не му оставиле избор.

Милош Биковиќ и Ивана Малиќ се во врска од 2021 година. Нивната романса започна само една недела откако Биковиќ раскина со руската шампионка во танцување Арина Волошина. Пред тоа, тој се забавуваше една и пол година со српската манекенка Барбара Таталовиќ, а претходно две години живееше со својата партнерка во филмот „Мраз“ Аглаја Тарасова и се забавуваше со моделот Саша Лус.

Слични објави

(Фото) Подгответе се за студените денови со стил – погледнете ги најелегантните машки капути во „Капитол“

Еспресо

„Среќна 20-ка, дете љубов мое“: Емотивна роденденска честитка од баба му за Маркијан, синот на Ребека

К.С.

Хороскоп за понеделник, 9 ноември: Младата Месечина носи нови почетоци, некои знаци ќе се соочат со старите емоции

Т.Ц.

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо
Се вчитува....