16:19 - 13 ноември, 2026

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ направи нови корекции на лицето! Долго време фантазирала за ова! 

Анастасија Ражнатовиќ неодамна пристигна во Србија без сопругот Немања Гудељ, со кој живее во Севиља, Шпанија.

Покрај тоа што Анастасија дошла во Белград да го прослави семејниот празник Свети Никола со своите најблиски, престојот во главниот град го искористила и да посети пластичен хирург и да поправи неколку работи на лицето.

Ќерката на Светлана Цеца Ражнатовиќ ги корегирала усните и веѓите во приватна клиника, но и го потемнела тенот, бидејќи мислела дека е бледа, но потоа тоа воопшто не ѝ се допаднало.

„Анастасија и претходно сакала да ги зголеми своите усни и да ги коргира веѓите со кои никогаш не била задоволна. Тоа никако не стигнала да го направи зашто секогаш доаѓала само на кратко. Бидејќи сега поради славата останала подолго отколку вообичаено, таа времето го искористила и да го освежи и подмлади лицето. Ова се го направила на компензација, односно бесплатно, а по третманот на својот Инстаграм го изрекламирала салонот кој го посетила, што било дел од договорот“, раскажал избор за српски „Пинк“.

„Денес направив револуционерен третман за нега и природен волумен и подмладување на усните“ – напиша Анастасија и додаде дека веќе петта година оди на посебен третман за обликување веѓи и дека ниту една посета на Белград не поминува без посета на козметичарката која се грижи за нејзините веѓи.

Инаку, Анастасија освен што го освежуваше и подмладуваше лицето, ја затемни и кожата, користејќи специјална техника која не остава дамки.

„Секогаш си изгледам поубаво кога имам малку потемен тен – истакна пејачката, чија музичка кариера моментално е на „стендбај“.

(Фото) Вау! Северина е перверзија во движење, од новите фотографии боли глава: Градите на ачик!

Слични објави

Игор Којиќ ги објави првите фотографии од свадбата – нежно го гали трудничкиот стомак на 10 години помладата сопруга

Еспресо

Рада Манојловиќ инвестирала 55.000 евра во бизнис – еве колку пари ѝ носи секој месец

Еспресо

(Фото) Сите имаме мал црн фустан, но Нина Бадриќ покажа како да му дадеме сосема нов изглед

Т.Ц.

Сопругата на Саша Поповиќ останува сама во луксузната вила на Бежанијска коса, децата го напуштаат семејниот дом

Еспресо

(Фото+видео) Гламур во металик тоалета — Ана Ивановиќ ѝ врачи признание на Анџелик Кербер во Франкфурт

К.С.

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо
Се вчитува....