22.8 C
Скопје
13:29 - 29 мај, 2024

Метју Пери ја сакаше една од најубавите жени во Холивуд: Малку е познато за романсата на Пери и ОВАА славна жена

Метју Пери е пронајден мртов во својата када, а веста ги скрши срцата на фановите на „Пријатели“.

Метју Пери во хит серијата Пријатели

Познатиот актер лесно ги освои срцата на гледачите, но не само нив, ја заведе и Џулија Робертс, која е најубавата жена на денешницата, но сепак ја остави по само два месеци врска, пишува Телеграф.рс.

Многумина знаат дека Џулија гостувала во серијата, а романсата меѓу Метју и неа започнала пред таа да се појави во истата.

Како што рекол актерот, продуцентите го замолиле да контактира со неа откако таа рекла дека ќе гостува во емисијата само доколку нејзиниот лик може да биде во приказна со Чендлер.

– Тогаш и испратив рози и ѝ напишав на хартијата: „Единствено повозбудливо од шансата да учествуваш во шоуто е што конечно имам изговор да ти испратам цвеќе“.

Не само што Џулија се согласила да работи во серијата, туку ми испрати и подарок, ми испрати многу пецива – изјави Пери за „Тајмс“.

Нејзиниот договор да глуми во специјалната епизода на „Пријатели“ го поттикна она што Пери подцна го опишува како тримесечно флертување преку секојдневни факсови додека работела на филм во Франција. Кога започна снимањето на епизодата, тие веќе беа пар.

Размениле стотици пораки

Пишувајќи во неговата автобиографија „Пријатели, љубовници и големата страшна работа“, Пери открива дека тие размениле стотици пораки денови пред електронската пошта да стане секојдневие.

– Три или четири пати на ден седев до мојот факс и гледав како парчето хартија полека го открива нејзиното следно писмо. Бев толку возбуден што кога ќе се најдев на забава флертувајќи со атрактивна жена, брзо ќе го завршев разговорот за да трчам дома и да видам дали пристигнал новиот факс – раскажува актерот. Тој и актерката на крајот започнале врска, но Пери раскинал со Робертс два месеци откако таа се појави во хит серијата Пријатели.

– Забавувањето со Џулија Робертс беше премногу за мене. Постојано бев убеден дека ќе ми раскине. Зошто да не? Не бев доволен и никогаш не можев да бидам доволен. Бев скршен, свиткан, недостоен за љубов. Затоа, наместо да се соочам со неизбежната агонија да ја загубам, раскинав со убавата и брилијантна Џулија Робертс. Можеби мислела дека излегува со телевизиски тип, а сега ТВ типот ѝ раскинал. Не можам да го опишам збунетиот израз на нејзиното лице откако и кажав“, рече своевремено Пери.

Слични објави

На овој посебен ден Вељко и Богдана ќе го крстат синот Исаија: Нова прослава во домот на Ражнатовиќ

Еспресо

Универзумот „дебело“ ќе ги награди: Голема среќа за три хороскопски знаци на почетокот на јуни

еспресо

(Фото) Ѕирнете во луксузниот шпански дом на Анастасија и Немања Гудељ: Палми, базен, поглед на море…

еспресо

Астропрогноза за среда, 29 мај: Среќа за биковите, промени за скорпиите

еспресо

Дарко Лазиќ открива дека Каќа ќе му роди девојче: Еве како реагирале на веста децата од другите бракови

еспресо

(Фото) Харис Џиновиќ го насмеа Тони Бијелиќ до солзи: „Нека се разведат сите!“

еспресо
Се вчитува....