17.8 C
Скопје
19:13 - 18 октомври, 2026

Меган Маркл се премисли за присуството на крунисувањето на кралот Чарлс Трети: Што се случи?

Првично, Меган Маркл планираше да присуствува на крунисувањето, но нешто ја натера да се премисли

Принцот Хари неодамна објави дека ќе присуствува на крунисувањето на кралот Чарлс Трети по многу неизвесност, а сите сакаа да дознаат дали ќе оди и Меган Маркл. Во текот на последните шест -седум месеци, војвотката од Сасекс – во очите на јавноста – стана една од најжестоките непријатели на кралското семејство поради нејзината улога во одлуката на принцот Хари да ја напушти кралската палата. Дополнително, многумина сметаат дека таа е виновна за лошиот публицитет што го добива Монархијата. Целото ова непријателство е главната причина поради која Меган Маркл не присуствува на крунисувањето.

Според блиска пријателка на Меган која разговараше со новинарите на британски People, војвотката апсолутно планирала да дојде на крунисувањето, но видела како ескалира омразата против неа. Медиумите, луѓето во земјата кои го поддржуваат кралското семејство, сите се изјаснија против неа. Тие ја обвинуваат за одлуката на принцот Хари да ги напише неговите мемоари и нивното учество во документарната серија на Нетфликс. Но, уште поважно, тие ја обвинуваат за потхранување на идејата дека кралското семејство отсекогаш биле – расисти.

„Меган сака да биде таму за да го поддржи својот свекор, но во исто време, контролата што ѝ е наметната за настанот ја надминува поддршката“ – рече пријателката на Меган Маркл.

Со сигурност може да се каже дека е создадена поделба меѓу Меган Маркл и Кејт Мидлтон меѓу обичните луѓе. Некои ја заземаат страната на Маркл и веруваат во нејзините тврдења, но побројни се оние кои се на страната на Кејт Мидлтон. Неодамнешните извештаи потврдуваат дека принцот Вилијам и принцезата Кетрин не сакале Маркл да дојде на крунисувањето и дека се многу посреќни што таа нема да присуствува. Ова докажува дека Маркл била во право што не се ни потрудила да се „избори“ за патувањето во Англија. Зошто би сакала да биде некаде каде што не ија сакаат?

Кејт и Вилијам не се единствените на кои им се допаѓа идејата Меган Маркл да не присуствува на настанот.

 

Слични објави

(Фото) Се омажи ќерката на Ена Беговиќ – Лана го кажа судбоносното „да“ во елегантна венчаница која ја истакна нејзината фигура

Еспресо

(Видео) Скандал на хрватските пејачки во Нови Сад: „Зошто ме бакнуваш трипати?“

Еспресо

Ќерката на Гоца Тржан студира еден од најтешките факултети, пејачката откри дека имала тежок избор

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ јавно му се обрати на Жан Клод Ван Дам: Објави заедничка фотографија, еве што слават вечерва

Еспресо

„Лука вели ‘Здраво на светот’“: Марија и Бојан од „Ај кју“ станаа родители

Еспресо

(Фото) Префинет избор за мажи со изграден стил – „Капитол“

Еспресо
Се вчитува....