03:22 - 8 ноември, 2026

Попоски: Доаѓа нов студен бран, дали е последен?

– Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса од запад и од северозапад, од понеделник до среда времето во Македонија ќе биде променливо облачно и нестабилно, во попладневните часови со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите ќе бидат застапени во форма на НЕВРЕМЕ, проследено со пообилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и со услови за појава на суградица и на град.

И во Скопје и околината се очекува слично време.

Од среда ќе започне да дува умерен, а Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец а температурите ќе бележат тенденција на опаѓање, со што на највисоките планински врвови на запад и на северозапад ќе провејува и СНЕГ.

Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени, додека во централните и југоисточните предели истите ќе се искачат и до околу 25 степени. Од среда поради продорот на посвеж воздух од север температурите ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 20 степени, што значи дека ќе бидат пониски.

На средината од следната седмица во Македонија во утринските часови повторно е можна појава на МРАЗ.

Инаку на средината од следната седмица и целиот Балкански Полуостров ќе биде зафатен од студен бран, кој ќе донесе дождови и нов снег на планинските места, а температурите ќе бидат под просекот за крајот на месец април. Наутро ќе има појава на МРАЗ.

Се надеваме дека овој студен бран ќе биде последниот за оваа сезона, но ќе видиме како ќе се одвиваат работите понатаму на нумеричките модели – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

За повеќе метео информации следете го Фејсбук профилот на Славчо Попоски – ТУКА.

 

 

 

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....