12:20 - 29 ноември, 2026

Маск се дообјасни на Твитер: „Не купувам ниту еден спортски тим“

Откако се огласи на Твитер со изјава дека го купува Манчестер Јунајтид, и предизвика лавина реакции, следува нов твит на најбогатиот човек на светот. Вториот, служи за смирување. 

„Не купувам ниту еден спортски тим, тоа е шега која одамна се прави на Твитер“, смирува Илон Маск, најбогатиот човек на светот и извршен директор на Тесла.

Но, во твит неколку часа претходно, Маск изјави, иако на свој начин, дека сака да го купи фудбалскиот тим Манчестер Јунајтед. Британскиот тим моментално е во сопственост на семејството на американските бизнисмени Глејзер. И се чини дека така и ќе остане.

Овојпат Мас беше сосема јасен и покажа дури и политички став. „Да бидам јасен, го поддржувам левото крило на републиканците и десното крило на демократите“.

Илон Маск на Твитер: „Го купувам Манчестер Јунајтед“

Слични објави

Научниците открија едноставна навика што го штити мозокот кај лицата со дијабетес тип 2, срцеви заболувања и преживеан мозочен удар

Т.Ц.

(Видео) Само на Балканот — Никола Роквиќ пееше, Наоми Кемпбел пушташе музика, а среде забава снемало струја!

К.С.

(Фото) Средба на две генерации македонски фолк-пејачки — Елена Велевска во прегратка со легендарната Блага Петреска

К.С.

Кремасто и вкусно, готово за 15 минути — рецепт за пире од карфиол кое е одлична замена за пирето од компири

К.С.

Дневен хороскоп за 29 ноември: Не избрзувајте со одлуките, побарајте совет од личност на која ѝ верувате

apostolova

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.
Се вчитува....