36.5 C
Скопје
16:59 - 31 јули, 2026

Марија Шерифовиќ гневна на гласањето на хрватското жири на Евровизија: Само три бода Хрватска ѝ даде на Србија

Швајцарскиот претставник Немо Метлер го освои првото место во финалето на Евровизија 2024 година, а Србија и Теја Дора со песната „Рамонда“ завршија на 17 место.

Синоќа покрај публиката гласаше и стручно жири, но следеше голем шок кога српската претставничка Теја Дора доби само 3 поени од хрватското жири.

Сепак, подоцна се појави список кој покажува дека публиката во Хрватска ѝ дала на Теја Дора 12 поени.

Сега на социјалните мрежи се појавија имињата на луѓето кои го сочинуваа стручното жири на хрватската држава, а коментарот во објавата гласеше: „Се најлошо за ова жири“.

Марија Шерифовиќ веднаш се огласи на Твитер и реагираше на трите бода кои Хрватска и ги даде на Србија.

-Дознајте ми кое е жирито во Хрватска, напиша Марија Шерифовиќ на Твитер.

Подоцна, таа им честиташе на успехот на Теја Дора и Бејби Лазања.

 

Слични објави

Важеше за голем хуманитарец, а една песна му го промени животот – денеска се навршуваат 15 години без Луис

Е.А.

Ѕвездите носат пресврти: Што им носи првиот викенд во август на хороскопските знаци?

Т.Ц.

Маја Беровиќ за кариерата, рекордите и односите меѓу пејачите

Е.А.

„Јас синоќа една прецртав“: Марија Шерифовиќ си исполни голема желба, па откри која е

Еспресо

Обожавателка го гаѓала Слоба Радановиќ со чизма откако одбил да ја бакне

Еспресо

Каков живот води денес Иван Босиљчиќ? Еве што велат во неговиот роден крај

Е.А.
Се вчитува....