14:17 - 9 ноември, 2026

Мајкл Џеј Фокс за животот со Паркинсонова болест: „Моите обожаватели ми даваат живот“

Популарниот глумец од „Враќање во иднината“, Мајкл Џеј Фокс отворено прозборе за животот со Паркинсовата болест, промовирајќи го својот документарец “Still: A Michael J. Fox Movie,“ на Саутвест филмскиот фестивал во Тексас.

И покрај тоа што болеста ја има повеќе од 30 години, 61-годишниот актер е благодарен за животот што го има. Тој рече: „Паркинсоновата болест е  одвратна – но животот е одличен“. За време на прашањата и одговори за неговиот нов документарен филм, Џеј Фокс рече: „Го правиш тоа што мораш да го правиш, но не сакаш да се убиеш“.

Фокс, кому му беше дијагностицирана Паркинсонова болест на 29 години во 1991 година, рече дека нема друг избор освен да ги мобилизира луѓето да бидат свесни за болеста. „Морам да дадам се што имам, а тоа не е само усен сревис. Се појавувам и давам се што можам од себе“.

Канадскиот актер е благодарен и на своите обожаватели кои, како што вели, му го продолжиле животот. Во 2000 година, Фокс ја отвори Фондацијата Мајкл Џ.која се занимава со Парикснова болест со која помага на бројни заболени да се соочат и полесно да ги надминуваат симптомите од болеста.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Michael J Fox (@realmikejfox)

Фокс верува дека многу работи можат да се научат од неговата болест, и дека луѓето со ваква болест мора да одат напред, а не да се самосожалуваат.

„Сожалувањето е бенигна форма на злоставување“, вели. „Има работи кои треба да се научат од оваа болест, па направете го тоа и движете се напред“, додава.

На крајот, Фокс вели дека е благодарен за животот што го има и покрај Паркинсовата болест со која се бори веќе повеќе од три декади.

Слични објави

(Фото) Тажен ден во семејството на Мерима Његомир: Ќерката на покојната пејачка се огласи со трогателни зборови

Еспресо

„За Милица“ – Наум Петрески ја препозна вистинската македонска емоција во песната за љубовта што никогаш не се остварила

Т.Ц.

(Видео) „Уште едно нормално саботно попладне“: Сара Мејс покажа како изгледа семејната атмосфера во нивниот дом

К.С.

„Ме нарекуваа селанче и ми се потсмеваа поради фолклорот“: Мирка Васиљевиќ проговори за непријатните искуства од детството

К.С.

Старинска штрудла со кисела зелка и сланина — крцкаво есенско задоволство што мириса на домашна кујна

К.С.

(Фото) Подгответе се за студените денови со стил – погледнете ги најелегантните машки капути во „Капитол“

Еспресо
Се вчитува....